Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Неготино ќе пошумува, градоначалничката со апел за учество

Општина Неготино, преку Оделението за урбанизам и заштита на животната средина, организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Неготино, преку Оделението за урбанизам и заштита на животната средина, организира акција за пошумување со цел зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина, информираше денеска градоначалничката Марија Нацева.

– Акцијата се реализира во соработка со „Мен енд маунтенс“ (МАМ), организатори на „Генералка викенд“, кои обезбедуваат донација на садници. Како резултат на нашето активно учество, Општина Неготино доби насади што официјално го носат името „Сончева гора“, појасни Нацева.

Градоначалничката најави дека во петок ќе се засадат 100 садници „свилен багрем“ – „кинеска мимоза“ со висина од два метра. Предвидено е локацијата да биде споменикот „Манчо Малиминов“, со почеток во 9:30 часот.

Реклама

Нацева повика да се земе учество во акцијата и заеднички да се придонесе кон создавање поздрава и позелена животна средина.