Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Економија

Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори

Недостигот на квалификувана работна сила е еден од проблемите со кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостигот на квалификувана работна сила е еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори во земјава. Анкетата „Business & Investment Indicator 2025“ покажува дека 89 проценти од странските инвеститори во земјава се соочиле со проблем да најдат соодветна квалификувани работници, а 17 проценти веќе почнале да вработуваат странски работници, иако 90 проценти од компаниите ги зголемиле платите просечно за околу 10 проценти.

Главната причина за недостигот на квалификувана работна сила, според Советот на странски инвеститори, е миграцијата која не е карактеристична само во земјава, туку со неа се соочуваат и држави во Европа. 

– Во Пелагонискиот регион во наредните пет години, бројот на луѓе кои се меѓу 60 и 65 години е за нијанса поголем од луѓето кои се меѓу 24 и 29 години, односно бројот на луѓе кои ќе одат во пензија е поголем од бројот на оние кои би барале работа. Во Европа е уште полошо. Ова е шокантен податок којшто според нас треба да биде прва тема за размислување кај нашите фактори на одлучување, истакна Георги Тренкоски од „Кромберг и Шубер“ на денешната презентација на анкетата.

Реклама

Резултатите од анкетата покажуваат дека има подобрување кај задоволството на странските компании од инфраструктурата, но проблем остануваат процесите на доделување државна помош, односно 80 проценти од компаниите се соочиле со проблеми при добивањето државна помош, а само една третина сметаат дека критериумите се разбирливи.

– 57 проценти од компаниите добиваат државна помош во моментот или се во процес на одобрување. 80 проценти се соочиле со проблеми во процесот на одобрување или при исплатата на помошта како резултат на бирократски процедури, несоодветно буџетско планирање или нешто што значи недоволни активности од страна на институциите кои се задолжени за тоа. Она што ние го предложивме и веќе активно дискутираме со Владата е дека треба да се подобрат процедурите за доделување државна помош – транспаретност, брзина и предвлидвивост во начинот на кој државната помош треба да се исплати, рече Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори.

Анкетата покажува дека е намалено задоволството кај странските инвеститори од aftercare односно само седум проценти одговориле дека се задоволни. Најголем дел од компаниите бараат едно лице со кои би можеле да комуницираат за предизвиците со кои се соочуваат.

Анкетата е направена во период пред кризата на Блискиот Исток па така според неа голем процент од компаниите планирале да го зголемат бројот на вработени, но станува збор за едноцифрени бројки, а 80 проценти размислувале дека годинава ќе имаат зголемен обем на работа.