Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Економија

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди премиерот Мицкоски

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди вечерва премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека има можност во некои сектори за доброволно продолжување на работниот стаж, како во високото образование на пример. Мицкоски рече дека се прават анализи за реформи во неколку сектори.  

– Анализираме неколку модели, во неколку делови од општеството – здравствениот, социјалата, апсолутно како дел од социјалата би го анализирале и пензискиот систем затоа што првите приноси кои што ќе значат помали трансфери во буџетот ќе дојдат за некои седум, осум години од денес, можеби и повеќе 2032, 2033… И тоа претставува  сериозен трансфер би рекол од страна на централниот буџет. Но никоја реформа нема да биде на товар на граѓаните туку напротив во насока да го оптимира и да ги елиминира сите оние злоупотреби. Да речеме во делот на гарантирана минимална помош имаме лоцирано случаи каде што, за жал, поедини лица или се надвор од државата или се починати добивале трансфери по три основи – туѓа нега, гарантирана минимална помош итн, што е сапротивно и на закон и на процедури, рече премиерот.

Цениме, истакна тој, дека со намалување на сивата економија и на злоупотребите преку дигитализација ќе успееме да дојдеме до огромни заштеди кон овие сектори. – Мислиме дека во добра насока сме. Не сум многу среќен што историски е највисок буџетот во здравството, над една милијарда евра, рече премиерот Мицкоски додвајќи дека ги охрабрува граѓаните да пријавуваат корупција најавувајќи дека за таа цел ќе бидат отворени и телефонски линии.

Реклама

Немаме друг начин да се бориме, вели тој, затоа што тие се „пожилави“ отколку органите на прогонот и секогаш наоѓаат поинаков начин. 

-Затоа замолувам сите грашани кои се жртва на вакво однесување да пријават. Нема поголема ахилова пета и поостар камен во чевелот за еден народн, за една нација, од ваква пандемиска корупција. Посебно на тоа ниво – луѓето кои по вокација треба да бидат солидарни и хумани, рече Мицкоски. 

Во делот на минималната плата, рече дека ставот на Владата е јасен. – Доколку во рамките на Економско социјалниот совет, дијалогот кој што го водат работодавачите и работниците постигнат консензус ние тоа мораме да го почитуваме. Немаме тука избор, рече премиерот Мицкоски.