Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Економија

Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

– За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб-страница во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца, во март, компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок – рече Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање.

По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект, Димитриеска-Кочоска рече дека не се размислува за такво нешто и оти сè останува како досега.

Реклама

– Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова, што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав можност да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството ниту, пак, сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме за „Мој ДДВ“, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку, напротив, сè останува како што беше досега – рече Димитриеска-Кочоска, на прес-конференцијата за 10 Еврообврзница.

Таа вели дека до овој момент нема информација дека е укинат Законот за минималниот глобален данок посочувајќи дека законот и подзаконските акти се идентични како и во другите држави.

– Првпат слушам дека има какво било поништување, ако има, тогаш ќе кажам, жал ми е, затоа што тој данок компаниите ќе го платат во своите матични земји. Целта на минималниот глобален данок е да не избегаат парите и компаниите да ги платат во своите матични земји, туку да ги платат тука. Значи, компаниите не може да избегаат од обврската да го платат тој данок. До овој момент, ниту имам некаква информација дека е укинат ниту што било затоа што тоа е нешто што се воведе, би рекла, на светско ниво. ОЕЦД го спроведуваше и тука направивме идентичен закон како во сите други земји, дури и подзаконските акти речиси на крајот на годината ги носевме од причина што чекавме и другите земји да ги подготват. Ако ова се случило, тоа значи дека некој оди против оваа држава. За данок што треба да се плати и ако не го платат тука, ќе се плати во матичната земја, навистина поразително е ние да се откажеме од нешто што компанијата ќе го плати – рече Димитриеска-Кочоска.