Реклама
Македонија

Не се проблем само автобусите – Скопје деновиве се дави во ѓубре, целиот град мириса на отпад

Скопје затрупано со ѓубре и претворно во депонија.  Контејнерите низ градот се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје затрупано со ѓубре и претворно во депонија.  Контејнерите низ градот се преполни, а купишта смет има на тротоарите и на улиците. Со недели не се собира ниту ѓубрето од кантите од куќите. Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – сликата е иста, а граѓаните реагираат дека овој хаос трае со денови.

Дел од контејнерите на булеварот Партизански одреди се преплавени со ѓубре, меѓу нив има и празни…Централното подрачје на градот се гуши во смет.

Што се случува со Комунална хигиена? Дали јавното претпријатие работи или е затворено, а јавноста за тоа не е информирана? Дали граѓаните самите треба да си го собираат ѓубрето или да си го складираат дома?

Реклама

Ова се дел од прашањата кои се актуелни на социјалните мрежи. Скопјани редовно споделуваат фотографии од расфрлано ѓубре, од преполни контејнери и диви депонии. Бараат итна реакција од надлежните.

Од Јавното прептријатие Комунална Хигиена се правдаат дека вработените не можеле да постигнат, и уверуваат дека за брзо време градот ќе биде исчистен.

Во последниот период, ЈП Комунална Хигиена-Скопје се соочува со енормно зголемени количини на одложен комунален, кабаст и градежен отпад како во самите контејнери така и во нивната непосредна околина, односно на јавни и на сообраќајни површини. Од овие причини може да се случи на одредени локации да има доцнење при собирањето и транспортот на отпадот. Претпријатието ги вложува сите напори за да ја одржи динамиката предвидена согласно оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на Градот Скопје, велат од ЈП Комунална хигиена.

И додека скопјани револтирано бараат градот да се исчисти, институциите молчат, а градоначалничката Данела Арсовска која е најнадлежна наместо решение за проблемот партиски се препукува и вината за купиштата ѓубре во градот ја префрла на Управниот одбор на „Комунална хигиена“.

4 години со 500 членови сите Управни одбори, Надзорни одбори и Училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи ви ги управуваат ВМРО и ВЛЕН. Обратете се кај нив за хигиената во градот, вработените во претпријатието и метачите со сите сили макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари вели Арсовска во објавата.

За хаосот со ѓубрето реагираат и од опозицијата.Од таму велат дека не е време за партиски препукувања помеѓу Арсовска и Владата врз грбот на граѓаните.

Ова не е прв пат скопјани да се соочат со преполни контејнери и канти за отпадоци пред домовите. Пред две години вработените во Комунална хигиена изглегоа на штрајк, а главниот град се гушеше во смет и смрдеа. Одговорност од Арсовска немаше, а градоначалниците од скопскиот регион тогаш ги засукаа ракавите и сами исчистија во своите општини.