Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“–Кампања на Агенцијата за катастар на недвижности

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.

-Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Таа ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.

Реклама

Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават на електронската адреса: [email protected] или на телефонскиот број 070/288-300. Од Агенцијата напоменуваат дека пријавите се анонимни.