Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

НБРМ: Економијата стабилна, но растот на нафтата носи ризик за инфлацијата

Македонската економија засега останува стабилна, и покрај глобалната неизвесност и воените тензии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија засега останува стабилна, и покрај глобалната неизвесност и воените тензии на Блискиот Исток – велат од Народната банка. Сепак, оттаму предупредуваат дека растот на цените на нафтата може да донесе нов удар врз инфлацијата. Очекувањата за увозните цени, особено за нафтата, се значително зголемени во однос на претходните прогнози, што значи дополнителен ризик во наредниот период.

„Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток“, се наведува во соопштението.

Инфлацијата конечно се стабилизираше, во февруари падна под 3 проценти, но овие податоци се пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.

Реклама

Домашната економија, сепак, покажува отпорност, смета Народната Банка.

„Досега се покажа дека домашната економија е главно отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и во 2025 година забележа забрзан економски раст, што се должи на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите“, констатира Советот на НБРМ.

Главниот ризик останува цената на енергенсите на светските берзи. Од неа ќе зависи и инфлацијата до крајот на годинава.

Од Finance Think излегоа со три сценрија, во зависност од глобалните тензии.

Доколку конфликтот трае пократко, се очекува раст на цените на пролет, но стабилизација и инфлација под 3.5% до крајот на годината.

Во понеповолното сценарио, поскапувањата се посилни и подолго траат. Се предвидува инфлација до 6%.

Третото, најлошо сценарио, предвидува раст на цените и над 8%.

Сепак, во ниту една од овие анализи не се земаат предвид мерките што ги презема или евентуално ќе ги преземе власта, како што беше намалувањето на ДДВ-то за горивата кое значително придонесе за стабилизација на цените.