Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Наумовски: Договор во клучен момент поради комплицираната геополитичка ситуација и односите помеѓу САД и ЕУ

Стратешкото партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство отвора многу можности за зајакнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратешкото партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство отвора многу можности за зајакнување на економските, безбедносните и политичките врски. Ова дополнително ќе ги зајакне позициите на Македонија и во Соединетите Американски Држави, со кои одамна имаме договор за стратешко партнерство, сметаат експертите. Со оглед на фактот дека во изминатите неколку години се случуваат повеќе пресврти на глобално политичката сцена, посебно по војната во Украина и победата на Доналд Трамп во Америка, земјите се обидуваат да се репозиционираат.

Нашето партнерство не ги зајакнува само нашите билатерални односи туку и односите со земја која е важен сојузник во НАТО Алијансата и истовремено има тесни врски со САД за разлика од други држави од ЕУ. Тоа не значи напуштање на нашиот пат кон ЕУ но нашите економски, безбедносни, политички врски со САД ја зајакнуваат и улогата на македонија во регионот и Западниот Балкан, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Васко Наумовски.

Според Наумовски, овој договор со Обединетото Кралство доаѓа во клучен момент, посебно ако се земе предвид комплицираната геополитичка ситуација со односите помеѓу САД и Европската Унија. Во оваа ситуација, Британија се јавува како мост помеѓу овие две западни сили.

Реклама

Но, партнерството со Лондон освен што ќе придонесе за зголемување на соработката во рамки на НАТО и ќе ја зголеми безбедноста, туку ќе овозможи до сега, најсилна економска соработка меѓу двете влади, капитални инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, науката, здравството, образованието…

За разлика од некои држави од ЕУ, британската економија се наоѓа во една ситуација каде компаниите од оваа држава може да инвестираат во различни држави од светот. Ние имаме многу инвестиции но сега се добива шанса за уште повеќе, но и дополнително придонесува и за размена на искуства, експертиза, пред се во финансискиот сектор што ќе помогнат во спроведување на реформите во економијата, додава Наумовски.

Партнерството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство претставува важен чекор во надградување на надворешната политика на земјата, особено во контекст на динамичната и често непредвидлива геополитичка сцена, сметаат експертите.

Оваа соработка ја позиционира Македонија како активен чинител во рамки на НАТО и во поширокиот трансатлантски контекст, а со Британија како мост меѓу САД и Европската Унија, македонските интереси добиваат нова димензија на стабилност, безбедност и економски потенцијал.