Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Прилози

Наумоски: Домашната економија има стабилни темели, градежништвото и инвестициите се главни двигатели на растот

Македонската економија е стабилна и се движи во добра насока – градежништвото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија е стабилна и се движи во добра насока – градежништвото и инвестициите се главните двигатели на растот оваа година, оценуваат економските експерти.Растот од 3,8 проценти во третиот квартал лани, според податоците на статистика, не е изолиран случај, туку сигнал дека економијата постепено зајакнува. Зголемената активност во градежниот сектор, новите инфраструктурни проекти и поинтензивните јавни и приватни инвестиции внесуваат свеж капитал и отвораат работни места. Според анализите, токму инвестициите се клучниот фактор што ја одржува позитивната динамика и создава основа за понатамошен раст..

Универзитетскиот професор Синиша Наумоски е оптимист дека, и покрај ризиците од глобалните економски текови, домашната економија има стабилни темели.

Наумовски оценува дека пазарот на труд во земјава влегува во постабилна фаза. Според најновите податоци на Државен завод за статистика, стапката на невработеност се намалува и достигна 11,4 проценти што е значителен пад во однос на претходната година. Тој вели дека намалувањето е резултат на зголемените инвестиции, растот во градежништвото и индустријата, како и активните мерки за вработување.

Реклама

Според најновите податоци на Народната банка, економијата расте со солидно темпо. Во третиот квартал лани е забележан раст од 3,8 проценти – малку повеќе од очекуваното, а прогнозите се дека позитивниот тренд ќе продолжи.

Инфлацијата во 2025 година во просек изнесува 4,1 процент и е во рамки на проекциите, додека девизните резерви се на високо ниво…

Што се однесува до пазарот на труд, во земјава има нешто над 91 илјада невработени, а работа имаат речиси 710 илјади граѓани. Повеќе од половина од невработените се мажи 57,9 проценти, додека 42,1 процент се жени.

Ања Лукарова