Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“

Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржу утре на Филозофскиот факултет во Скопје.

– И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата. Конференцијата има цел да ја продолжи дебатата за атентатот што ја потресе Македонија и остави трајни последици врз нејзиниот политички и безбедносен развој – информира инцијативниот одбор, во состав проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Гроздан Цветковски и проф. д-р Зоран Јовановски, полковник на АРМ.

Конференцијата би требало да одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања.

Реклама

На конференцијата најавено е учество на универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници од претходната конференција „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта“, што се одржа во Скопје на 30 септември 2010 година.

Од иницијативниот одбор потсетуваат дека атентатот беше дочекан со огромно изненадување во домашната и меѓународната јавност имајќи ги предвид угледот на претседателот Киро Глигоров и неговата клучна улога во конституирањето и меѓународното признавање на Република Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 година.