Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Народните правобранители на Косово, Македонија и Албанија  потпишаа договор за прекугранични права на граѓаните

Народните правобранители на Македонија, Албанија и Косово денеска во Призрен потпишаа меморандум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народните правобранители на Македонија, Албанија и Косово денеска во Призрен потпишаа меморандум за соработка со цел да им се гарантираат права на граѓаните на трите земји надвор од државните граници. 
 
-Народниот адвокат на Албанија, Ендрит Шабани, заедно со македонскиот колега, Фатон Сељами и косовскиот  Наим Ќелај  ветија дека ќе ја претворат соработката во опипливи придобивки за граѓаните во секоја од трите земји, објави албанската државна агенција АТА. 
 
Албанскиот народен правобранител, Шабани ја нагласил „дистанцата помеѓу хартијата и состојбата на терен“. 
 
-Нашите влади се состанаа неколку пати во Тирана, во Скопје или во Приштина и донесоа многу олеснителни акти. Но, ние сме тука заедно да провериме дали тие се спроведуваат. Дали граѓанин што доаѓа од Кукс навистина добиваат медицинска услуга во Призрен? Дали туристите од Косово и од Македонија на албанското крајбрежје се третираат правилно? Овој меморандум ни дава средства да го заштитиме секој граѓанин, изјавил Шабани. 
 
Трилатералниот договор се фокусира на прашања од прекуграничен интерес кои директно влијаат на животот на граѓаните: здравствена заштита во трите земји, меѓусебно признавање на граѓански и семејни документи и одлуки (брак, граѓанска регистрација, лична документација), признавање на дипломи и почитување на правата на сезонските работници.

Посебно внимание се посветува на заштитата на децата на улица и други ранливи категории, како и на институционалниот третман на индивидуални случаи што вклучуваат повеќе од една земја. 
 
Тројцата омбудсмани се согласиле секоја година да изготвуваат и презентираат Заедничка декларација за состојбата со човековите права во регионот. 
 
Според АТА, соработката се одвива во рамки на Алијансата на омбудсмани на Медитеранот (AOM),  која ја предводи Ендрит Шабани а во која членуваат и Косово и Македонија.