Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 59. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 59. сесија на Клубот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 59. сесија на Клубот на истражувачите во кој ги повикува заинтересираните најдоцна до 18 септември да достават работен материјал доколку сакаат да го презентираат на сесијата на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 28 септември.

-На 28 септември 2026 година (понеделник), во просториите на Народната банка ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 септември 2026 година (петок), се вели во повикот. 

Се нагласува дека трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

Реклама

-На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија, се прецизира во повикот.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што подетални информации можат да с енајдат на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи