Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Економија

Народна банка: Се одржа 55. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 55. сесија на Клубот на истражувачите. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Народната банка се одржа 55. сесија на Клубот на истражувачите. На оваа сесија беше претставен научниот труд „Моделирање на краткорочната побарувачка на готовите пари во оптек во Северна Македонија“ од авторката Марија Стојкоска. Сесијата ја отвори гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, којшто истакна дека Клубот претставува платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 12 години, се наведува во соопштението од Народната банка, што МИА го пренесува интегрално.

Тој посочи дека трудот истражува област којашто е исклучително релевантна за централната банка, како институција којашто е задолжена за носењето и за спроведувањето на монетарната политика. Оттука, од посебно значење е и прецизноста во предвидувањата на движењето на готовината во оптек на дневна основа, со примена на современи алатки и економетриски техники.

Авторката Стојкоска посочи дека готовите пари во оптек се дел од билансот на состојба на централната банка и имаат големо значење затоа што директно влијаат на тоа колку ликвидни средства им се потребни на банките во домашна валута. Токму затоа, прогнозирањето на готовината во оптек е важно за централната банка – ѝ помага полесно да управува со ликвидноста и успешно да ја спроведува монетарната политика. За таа цел, во рамките на трудот, авторката конструира модел на временски серии заснован на моделот за прогнозирање на дневната денарска готовина во оптек АРИМА, имајќи го предвид меѓународното искуство на други централни банки и препораките од литературата и детално го образложува моделот. Во истражувањето се опишува примената на моделот кај нас, а добиените резултати упатуваат на неговата висока прецизност во прогнозирањето на краток рок. Неговата примена во практиката ќе придонесе за унапредување на проекциите на ликвидноста на банките и за поефикасно управување со паричните текови преку соодветна поставеност на монетарните инструменти.

Реклама

По завршувањето на презентацијата, беше отворена дискусија помеѓу учесниците на сесијата.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx. 

Следната сесија ќе се одржи во декември годинава.