Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Прилози

Напредок има, но „црните точки“ во сообраќајот остануваат закана

Од 120 до 150 луѓе во просек секоја година го губат животот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 120 до 150 луѓе во просек секоја година го губат животот на македонските патишта. До крајот на октомври годинава, во сообраќајни несреќи загинале 115 лица, бројка која е пониска од минатата година, кога животот го загубија 142 луѓе.

Но, статистиката и понатаму е загрижувачка, во последните четири години, во несреќи на патиштата трагично завршиле вкупно 492 животи. Во Скопје во последните три години регистрирани се повеќе од 2000 сообраќајни незгоди, а најголем дел од нив се случиле на булеварите, „Партизански Одреди“, „Борис Трајковски“, „Александар Македонски“, „8  Септември“ и деловите од автопатите А1, А2 и А4. Во Скопје има повеќе од 15 локации кои важат за црни точки.

Најчестите причини за несреќите се неприлагодената брзина, алкохолот и непочитувањето на сигнализацијата. За експертите состојбата годинава е подобрена во споредба со лани, но, се уште е далеку од идеална и потребни се итни мерки. Сообраќајниот инженер Игор Митревски веќе подолго време апелира да се формира Агенција за сообраќај и да се направи регистар на црни точки во Скопје.

Реклама

„Потребно да се направи регистар на таканаречени црни точки, или места каде што најчесто се случуаат сообраќајни несреќи. Тоа се точките каде што процентно години наназад сме имале најмногу сообраќајни несреќи. Тоа е практика од европските земји, не е нешто што ќе измислиме ние… Исто така во поглед на подобрување на состојбите, повеќе години наназад, мислам дека и со вас го имаме разговарано, за формирање на Агенција за сообраќај,  би направила подетална координација на институциите кои ја тангираат проблематиката сообраќај и сметаме дека со едно такво тело, во иднина ќе може подобро да се управува со овие состојби во сообраќајот“, изјави Игор Митревски, сообраќаен инженер.

Митревски апелира дека најмногу во сообраќајот страдаат пешаците, велосипедистите и возачите на тротинети и за нив мора да има посебна заштита и изградена патна инфраструктура.

„Прво би потенцирал, треба да имаат соодветна патна инфраструктура, значи соодветни патеки и обележеност, на истите,  меѓутоа и тие како што спомнавте треба соодветно да се однесуваат на истите да внимаваат при учество во сообраќајот, затоа што понекогаш можеби тие внимаваат, но некој друг да не внимава, па да дојде до незгода“, изјави Игор Митревски, сообраќаен инженер.

Во Македонија сообраќајна култура речиси и да нема, а системските слабости и лошата сообраќајна инфраструктура само придонесуваат за одржување на црната статистиката, особено во Скопје, каде што се случуваат најголем број од незгодите со фатален крај. Во меѓувреме, се очекува системот „Безбеден град“, кој треба да стартува од 1 јануари, да донесе повеќе ред и превенција во градскиот сообраќај. Денеска се одбележува и Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, кој нè потсетува дека зад секоја статистика стои човечки живот. За Митревски, внимателноста, почитувањето на правилата и одговорноста се минимумот  што секој од нас може да го направи, а токму тие мали нешта често значат нечиј спасен живот.