Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

АЛФА ИСТРАЖУВАЊЕ: Напаѓачите на службени лица најчесто минуваат со минимални казни

Од оние кои „кренале рака“ на државата, ретко кој завршува зад решетки.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од оние кои „кренале рака“ на државата, ретко кој завршува зад решетки. Истражувањето на Алфа покажува дека во Македонија, пракса е државата да го трпи насилието кон себе. Бројките од сите судови и најголем дел од обвинителствата, создаваат јасна слика, дека за напад врз лице со државно овластување, како полицајци, инспектори и други кои работат во име на институциите и го спроведуваат законот, ретко кој оди во затвор. Судовите најчесто им изрекуваат услoвни казни од 3 месеци до една и пол година, како и други алтернативни мерки. А интерсно е и тоа што од јануари 2017 до ноември 2023, граѓаните од година за година, се почесто решаваат да се пресметаат со државните службеници или пак тие почесто пријавуваат.

Податоците од обвинителствата за истиот период, покажуваат дека биле поднесени над 560 пријави, од кои 981 лице заработиле обвинение и стигнале до судовите. Сепак, овие бројки веројатно се многу поголеми, бидејќи од скопското обвинителство не се одважија целосно да одговорат на нашето барање за информации од јавен карактер. Велат, тоа биле многу податоци.

Судиите пак, во изминтите 6 години, за напад врз службено лице при вршење на службена должност, изрекле повеќе од 314 условни казни и 317 затворски, но и десетици алтернативни, како психијатриско лекување или парични глоби. Условните казни во најголема мера се од 6 месеци, до една и пол година, додека пак казните затвор се во времетраење од 3 месеци до една и пол година.

Реклама

Потврда за истражувањето даде и судијаката од Кривичниот суд Оља Ристова, која објасни зошто најчесто така судат судиите.

  • „Сигурно ви е точна статистиката. Претпоствувам дека во конкретните случаи каде што се изречени условни казни за овие лица, дека има олеснителни околности, кои упатуваат на тоа да бидат изречени условни казни. Можеби претходно биле неосудувани. Тоа е прво дело. Го признале делото, се каат за сторувањето.“  – Изјави кривичниот судија Оља Ристова.

Таа додава дека на секој граѓанин треба да му се даде можност да го корегира своето однесување, а судовите тоа го прават преку условните казни.

Според податоците на МВР, од 2017та досега, вкупно имало 988 случаи за напад врз службени лица кои вршеле работи од безбедноста, односно вкупно 1179 сторители на ова кривично дело.

• 2017 – 127 кривични дела – 153 сторители
• 2018 – 140 кривични дела – 179 сторители
• 2019 – 144 кривични дела – 163 сторители
• 2020 – 156 кривични дела – 195 сторители
• 2021 – 172 кривични дела – 199 сторители
• 2022 – 148 кривични дела – 166 стрители
• 2023 – 101 кривично дела – 124 сторители – Напад на службено лице според податоците на МВР

Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески вели дека од 2017та досега, енормно се зголемени нападите врз полициските службеници, а тоа се должи на високиот степен на корупција и криминалните групи кои имаат свои луѓе на високи раководни структури во МВР.

  • „Од оној случај со нападот на полицајката и удирање од пајакот и непреземањето на соодветни мерки на сторителот на тоа дело почнаа енормно да се зголемува бројот на нападаите на полциските службеници. За 300% се зголемени овие кривични дела во периодот од 2017 до денес.“ – Појаснува Ѓурчески.

Екс полицискиот началник смета дека причината за ова е затоа што нема соодветна заштита на полициските службеници, тие се плашат да употребат сила во самоодбрана затоа што се соочуваат со прогон од службата за внатрешнана контрола.

  • „Се создаде еден сектор кој што има за цел да врши тортура врз полициските службеници и да претставува еден вид закана за примена на средства за присилба со кои што се овластени полициските службеници да ги употребуваат во вршењето на службените задачи и тука се создаде кај нив еден страв, иако знаат дека треба да употребаат одредени законски овластувања, не ги употребуваат, се повлекуваат полициските службеници со што се нарушува безбедноста.“ – Вели тој.

Eден од најпознатите примери, кој гласно одекна во јавноста беше оној кога, полицајката Јасмина Јаначковска, во 2018та беше нападната од функционерот на ДУИ, Беќир Асани, на кого заедно со пајак службата, му го отстраниле непрописно паркираното возило. Но, таа подоцна ја промени изјавата, велејќи дека самата се удрила од специјалното „пајак возило“, а министерот Оливер Спасовски и додели признание за професионлано постапување.

Никола Цветкоски