Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Наместо со проекти, ДУИ тргна со национализам по гласовите на албанците

Позната стратегија за неуспешно сценарио – вака дел од аналитичарите ги коментираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Позната стратегија за неуспешно сценарио – вака дел од аналитичарите ги коментираат изјавите на ДУИ , односно Бујар Османи упатени кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на паријата Христијан Мицкоски кој според интегартивците бил албанофоб.

Новинарот Цветин Чилиманов за Алфа вели дека не е прв пат партијата од Мала Речица да се служи со ваква реторика , да потегнуваат по картата на национализам за да добијат глас повеќе на претстојните избори. Чилиманов смета дека во недостиг на проекти што можат да ги покажат како нивна работа, оти безмалку две децении беа на власт , тие користат празни зборови.

Навистина, нема за што друго да зборуваат, освен на националната карта, да соберат уште еднаш по стоти пат на албанците, на гласачите, да им ја  продадат приказната дека Али Ахмети ја некаков херој, воен, дека само тој ги застапува албанските интереси и така натаму. Повторно, да се протнат и на овие избори, да имаат некаков резултат со кој што потоа ќе бараат да бидат дел од владата со истите тие, нели, албанофоби, националисти, како што велат, вели Цветин Чилиманов – новинар.

Реклама

Доколку навистина ДУИ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ се албанофобна партија, тогаш се поставуава прашањето зошто тогаш, барем според кажувањата на лидерот на ДПА, луѓе блиски до Ахмети молеле да бидат дел од власта, откажувајќи се дури и од првото собраниско столче.

Зашто нели, слушам дури и од релевантни, нивни до вчерашни коалициски партнери, како Мендух Тачи, дека буквално молеле да бидат дел од владата, дека по било какви, пошто зашто, па било какви услови биле спремни да прифатат да влезат во владата со ВМРО, а сега излегуваат со такви приказни ,дека паралелно го напаѓаат ВМРО, дека наводно биле непријатели на албанците, вели Цветин Чилиманов – новинар.

Инаку вчера, Османи истакна дека првиот човек на Владата бил албанофоб, ги мразел албанците и ги тргал од институциите. На овие обвинувања Мицкоски му одговори дека не бил албанофоб туку криминалофоб и најави борба против, како што вели, политичарите што во политката влегле како голтари,а излегле како милионери.

И додека дел од опозицијата се обидува да ја префрли дебатата на етничко тло, партијата на Мицкоски најавува расчистувања на криминалот и одговорност за секоја украдена пара.