Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Наместо со млечни масти се продавало сирење со палмино масло, Агенцијата за храна откри измами во декларациите

На декларација едно, во составот друго. Наместо со 20 проценти млечни масти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На декларација едно, во составот друго. Наместо со 20 проценти млечни масти, ситно сирење во маркетите се продавало со само 1 % млечни масти и 19 % палмино масло. Поради ваквите измами, кои ги открија инспекторите за храна, трговецот измамник може да одговара кривично и да си го затвори бизнисот. Директорт на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов информира дека во наредниот период Обвинителството ќе проверува дали производителот ги измамил граѓаните да купуваат сирење и други млечни производи со палмино масло. Од операторот на храна одземени се 22 килограми ситно сирење и изречена му е парична казна од 3 500 евра. Засега надлежните не можат да откријат дали станува збор за увозник или производител, но санкции сигурно ќе има.

Освен кај ситното сирење, палмино масло е најдено и кај друг млечен производ. Изречена му е казна од 1300 евра и повлечени од промет се 500 килограми храна која е уништена на депонија.

Инспекторите зеле и анализирале 45 мостри од млеко и млечни производи. Освен кај трговецот што работел ситно сирење, уште кај 9 производители и увозници на храна утврдено е дека во производите има помал процент на млечни масти од напишаното на декларацијата. Изречени им се казни по 1.050 евра.

Реклама

Инспекторите зеле мостри и од сувомеснати производи. Се чека на резултатите коишто ќе покажат колку производите ги содржат состојките напишани на декларацијата.

Надлежните ги заоструваат мерките и казните за трговците коишто не работат согласно прописите. Освен за ваквите прекршоци, Владата најавува санкции за нефер трговски практики. Казните може да скокнат и до 200.000 евра. Законот за нефер трговски практики ќе се менува до крајот на летото, а најавената измена носи десеткратно зголемување на казните. Наместо досегашните најмногу 20.000 евра, санкциите за трговците и добавувачите што нема да го почитуваат законот би можеле да достигнат до 200.000 евра.