Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Наместо дом на демократијата, Собранието под раководство на Џафери мандатот го завршува како кванташки пазар

Летаа филџани, се пцуеше, се чуваа закони по фиоки, се злоупотребуваше европското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летаа филџани, се пцуеше, се чуваа закони по фиоки, се злоупотребуваше европското знаменце, се работеше по чувства а не по Деловник, се изигруваа процедурите, се броеше глас по глас  – течат последните часови од мандатот на народните избраници. 

Наместо дом на демократијата, македонското собрание во последните четири години не ретко наликуваше на „друмска кафеана“. Не се почитуваше различното мислење на пратениците кои впрочем го искажуваат јавното мислење на граѓаните.

Криви беа и вработените, па по нив недолично се викаше.

Реклама

Првиот меѓу еднаквите, екс спикерот Талат Џафери на седница не ја стави сопствената интерпелација, но и оние на Маричиќ и Николоски. Често знаеше да си го толкува собранискиот деловник според свој речник, на што постојано укажуваа опозициските пратеници. Таков беше случајот и со уставните измени:

„Џафери го примени членот 165 став 1 од Деловникот, иако тој регулира постапка за измена на закон и други акти, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во Деловникот. Наместо тоа, Џафери мораше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да го одложи гласањето за измена на Уставот“, рече Лефков.

„Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата кога нема доволно пратеници за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Ова е текстот на член 81 став 1 врз основа на кој ја прекинaв седницата. А, во ставот 5 стои дека времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието,  и никој друг. Тоа се дискрециони права според Деловникот“, изјави Џафери.

Дека владејачкото мнозинство под превезот на европското законодавство, туркаше закони со европско знаменце. За тоа ги искараа дури од Брисел, ама за џабе. Законските измени за „Бехтел и Енка“, законите од даночната реформа меѓу кои и за т.н.солидарен данок, законот за игрите на среќа и уште десетина други го вклучија собранискиот аларм дека владејчкото мнозинство работи според агенда спортивно од народните очекувања.

  • Полека, полека стигнавте до крајот на оваа фарса, а по ова се ќе биде различно. Заврши транспарентноста на оваа Влада. Ги пониживте пратениците ја злоупотребивте ЕУ со европското знаменце“ вели Мицевски на 26.05.2023.
  • Најдобрата потврда за тоа дека изградбата на коридорите е инфраструктурен проект правен согласно со закон, со сите процедури запазени со Специјален закон донесен овде во Собранието без ниту еден глас, дојде од тие кои што ги повикувавте да одговорат, односно од Американската амбасада“, изјави во Собранието премиерот Димитар Ковачевски.

Од 150 планирани седници – една третина останаа не реализирани. Утре треба да се оддржи последната ново закажана седница, но пратениците ќе останат во собраниските канцеларии до изборите, но нема да има можност за нови предлог закони.