Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Намалувањето на цените на катастарските услуги, значаен чекор за олеснување на граѓанските давачки

Намалувањето на цените на катастарските услуги, значаен чекор за олеснување на граѓанските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалувањето на цените на катастарските услуги, значаен чекор за олеснување на граѓанските давачки кон државата. Најавеното повеќекратно намалување на цените на катастарските услуги кое треба да стартува веќе од септември, а кои претходната власт во февруари ги зголеми дури за 300 насто, е уште еден обид на актулената власт за олеснување на граѓанските давачки кон државата со што ќе се заштити и нивниот стандард. Според граѓаните, иако катастарските услуги не се услуги од секојдневна нужност, сепак нивното вреднување по некои пристојни цени и тоа како е важно за скромниот македонски семеен буџет.

 „И сиромасите нека видат малку убавина, бел ден. Тоа е добро. Се’ што се намалува, се’ е убаво. „Претходната власт многу ги зголеми цените на услугите. Претераа. А ова е во ред“. „Тие што имаат имоти, тие нека се секираат. Ние што ги имавме имотите веќе ги немаме. За нас, еднаш на десет години, тоа не значи многу“. „Па, треба да го намалат, ние со мали пензии сме, 38 години стаж имав, 11.000 пензија зедов“. „Треба да се намали, високи се цениве, било за тоа, било за овие прехранбениве производи“. „Нешто подобро ќе дојде за граѓаните така, ама инаку, ако има повеќе пари, пак ќе остане за во Буџетот да има пари. И граѓаните да имаат пари, а и за во Буџетот да остане треба“.

Од друга страна, она на што во најскоро време се надеваат граѓаните е дека ваквиот тренд на зауздување на со години галопирачките цени, ќе почне да се применува и во нивните секојдневни граѓански потреби: телефонијата, струјата, здравството, храната.

Реклама

 „Одржување на струјава е пет стотки, одржување на линијата – 450, значи за струјава – илјадарка. Што да зборуваме повеќе? Тоа треба да го укинат“.

  Инаку, како што веќе е познато, премиерот Мицкоски вчера најави враќање на стариот Тарифник за катастарски услуги, односно како што беше до февруари годинава кога Агенцијата одлучи да ги поскапи своите услуги дури за 300 насто. Сега, уписот на стан и сите придружни елементи, како квадратура, земјиште, заеднички простории, гаражи ќе се врши одеднаш и тоа ќе чини 1250 денари. Во последниве 7 месеци за овие услуги граѓаните плаќаа најмалку по 3.750 денари. Со ова поевтинување се очекува дека повеќе од еден милион евра ќе останат во џебовите од граѓаните, потоа ќе се забрза процедурата за добивањето на овие документи, а ќе им се стави крај и на корупцијата и криминалот во овој сектор.

Каролина Дурло