Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Намалена матноста на водата на изворот Шум, забраната за користење останува 

Нивото на заматеност на водата на изворот Шум, од каде што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нивото на заматеност на водата на изворот Шум, од каде што се снабдуваат со вода Струга и околните населени места, се намалува, но сè уште е над дозволеното и забраната за секаква употреба продолжува.

Денешните мерења на Центарот за јавно здравје – Охрид покажуваат 3,62 отсто матност на мострите од изворот Шум. Во градот матноста се движи од 3,69 до 2,75 процента, а најниска матност има во селата Заграчани 1,98 и Ложани 1,93 отсто. 

За да биде дозволена за користење, според д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје – Охрид, максималното ниво на матност треба да е 1,5 процент.

Реклама

– Матноста на водата од струшкиот водовод иако, е значително намалена, сè уште е над дозволеното. Десетпати е пониска од проверката на првите мостри земени на 9 февруари. Очекувам до петок да се намали, односно да е во границите на дозволеното – изјави Симоноска.

Водата од струшкиот водовод една недела е забранета за секаква употреба поради многу висока заматеност на изворот Шум и на сите мерни места во градот. Првите мостри земени од изворот Шум на 9 февруари покажале 28,56 проценти матност, мострите од 11 февруари 10,17 отсто, а на 13 февруари беше намалено на 7,3 проценти.

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторените кривични дела против животната средина и природата по енормното загадување на водата за пиење и за основни животни потреби.

Градоначалникот Менди Ќура најави дека приватна институција ќе ги утврдува причините што довеле до високо ниво на заматување на изворите на Шум.