Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Најголем историски дебакл: Како и зошто СДСМ стана трета политичка сила во Македонија?!

Од 500.000 во 2002-ра до 155.000 во 2024-та. Како СДСМ од некогаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 500.000 во 2002-ра до 155.000 во 2024-та. Како СДСМ од некогаш најмоќна партија дојде до маргините, стана трета политичка сила во Македонија? Според бројките падот на социјалдемократите започна со доаѓањето на власт на Зоран Заев. Во 2016-та добија 49 пратеници, четири години подоцна поминаа полошо. Во 2020-та и со помош на Беса бројката им падна на 46, за пред два дена да доживеат историски дебакл, добивајќи само 18 пратеници.

Се започна кога Заев реши да влезе во партнерство со ДУИ и да погази речиси се она што го ветуваше. Само два месеци откако стана премиер со Бојко Борисов го потпишаа договорот за добрососедство со Бугарија.

-Го трасиравме патот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Република Македонија и Република Бугарија направија историски чекор напред, порача Заев.

Реклама

Само една година подоцна на 17-ти јуни 2018-та дојде и Преспанскиот договор, со кој Македонија ја доби кованицата Северна и тоа по неуспешен референдум.

-Да живее Македонија. Да живее Република Северна Македонија, ни порача Заев.

Со промената на името Македонија доби членство во НАТО, а ветуван беше и брз напредок кон Европската Унија. Но, дојдоа блокадите, прво од Франција, потоа од Бугарија, која на основ на договорот за добрососедство, испорача уште повеќе услови кон државава. Потоа беше прифатен и францускиот предлог и двата протоколи, сите по вкус на Бугарија, а на штета на Македонија. Таму политичарите се договорија дека историчарите треба да преговараат за Гоце Делчев и целото Илинденско востание, знаејќи ги ставовите на Бугарите по ова прашање, односно дека нашиот најголем револуционер според нив бил Бугарин.

Поранешниот премиер Ковачевски првично барем декларативно го одби, пред камери одлучни кажа „не“ среде Брисел.

-Предлогот во ваква форма каква што е во моментов е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија, изјави Ковачевски на 23 јуни 2022-ра.

Цврстиот став на Ковачевски се скрши за само седум дена. На први јули 2022-ра дојде нов, но во суштина тој беше истиот стар предлог. Ковачевски тогаш без никакви консултации со опозицијата, отиде контра граѓаните и експертите. Тврдеше дека бил добро решение и почна да го турка по секоја цена во што на крајот и успеа.

-Од овде и од денес па натаму одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство, во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик, кажа Ковачевски на први јули 2022-ра.

Покрај промената на името, договорот со Бугарија, прифатениот француски предлог, власта на СДСМ низ последните седум години со својата реторика ги рушеше македонските позиции во однос на историските прашања.

-(Зад нас е Гоце Делчев, народната гимназија се вика Јане Сандански, претпоставувам дека голем број на улиците се именувани сега по општи, македонски херои или бугарски?) Според мене тоа се личности од нашата заедничка историја, кои што може да не поврзуваат само и апсолутно треба да се радуваме на тоа што не поврзуваат, никогаш да не гледаме на такви работи да не разделуваат, изјави Заев во интервјуто емитувано на 17-ти ноември 2017-та.

Доказ за големиот пад на СДСМ е и што изгубија и во бастионот на социјалдемократите, во Струмица на Заев, а порази доживеаја и во други општини кои важеа за нивни бастиони, како Центар и Карпош.

Матеја Петровски