Демократскиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, објави дека засолништето за мигранти Флојд Бенет во Њујорк ќе се затвори до 15 јануари. Засолништето се наоѓа во национален парк, каде јурисдикција имаат федералните, а не градските власти.
„Загрижени сме за Флојд Бенет уште од изборните резултати. Тоа е единственото засолниште на федерално земјиште и мислиме дека тоа може да претставува дополнителен ризик“, рече Кетрин Клиф од „Легал Ејд“.
Во неодамнешните интервјуа, новоизбраниот претседател Трамп рече дека ќе му даде приоритет на спроведувањето на границите и имиграцијата на уште на самиот почетокот кога ќе стане претседател. Демократските лидери работат на заштита на недокументираните имигранти пред тој да ја преземе функцијата.

Во меѓувреме, имигрантите без правен статус во засолништето изразија загриженост за построгото спроведување под новата администрација.
„Гледам дека тој е човек кој кажува што мисли и си стои на зборот. Да почекаме да видиме што ќе се случи“, рече Хозе имигрант од Шпанија.
Хозе верува дека постапките на неколку поединци неправедно го нарушуваат угледот на имигрантите.
„Има многу имигранти, како моите сонародници, кои доаѓаат да извршат злосторства и да крадат. Затоа понекогаш само поради една личност, сите ја плаќа цената“, рече Хозе имигрант од Шпанија.
Хозе е дел од еден од двата најголеми бранови имигранти во историјата на САД. За време на администрацијата на Бајден, во земјата влегоа околу осум милиони имигранти. Вториот мигрантски бран се случил во раните 1850-ти, според анализата на владините податоци на Њујорк Тајмс.
„Мислам дека бројките што ги видовме во последните неколку години се историски, најголемиот број што сме го виделе во историјата по број, а не по процент“, рече Ерин Коркоран од Универзитетот „Нотр Дам“.
Соочени со овие огромни бројки, градоначалникот на Њујорк Адамс прифаќа помирувачки пристап. Неодамна, тој се состана со одговорниот за границата на новоизбраниот претседател за да разговара за ваквата ситуацијата.
„Разговорот кој го имав со него е да дознаам како да постапуваме по оние поединци кои постојано вршат злосторства во нашиот град. Ќе им кажеме на оние што се тука, кои го почитуваат законот, да продолжат да ги користат услугите што тие имаат право да ги користат: едукација на нивните деца, здравствена заштита, јавна заштита, но сигурно нема да бидеме безбедно засолниште за оние кои вршат насилни дејствија“, рече Ерик Адамс, градоначалникот на Њујорк.
Многу од неодамнешните активности на градоначалникот Адамс може да бидат стратешки потези за задржување на одредена локална контрола.
„Мислам дека една од пресметките што тој веројатно ги прави е дека можеби препознава дека можеби нема да може да ги запре сите масовни депортации или сите масовни рации во Њујорк, но ако се смета дека соработува до одреден степен, тој може да има некаков потпор за да се открие како тие рации би можеле да бидат приоритетни или кои заедници би можеле да бидат заштитени“.
Иако лидерите на сините држави се обидуваат да се прилагодат, останува да се види колку ќе бидат ефективни овие напори.
Повеќе функционери на државно и локално ниво во САД велат дека нема да соработуваат околу прашањата за депортација од страна на новата администрација на Трамп. Во Бостон, градскиот совет едногласно гласаше за резолуција за заштита на илегалните имигранти и ограничување на полицијата во Бостон да соработува со ICE (Имиграција и царинско спроведување на САД).
Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон
