Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Најава за реформи во локалната самоуправа – ќе се воведе можност за отповикување на градоначалници

Со законски измени нема да дозволиме градоначалници да хибренираат со години и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со законски измени нема да дозволиме градоначалници да хибренираат со години и ништо да не работат, а да бидат на власт, вели претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. Според него, алармантната состојба со градот Скопје и со градоначалничката Арсовска, е најголемата причина да се направат итни законски промени за граѓаните преку референдум да можат да отповикаат градоначалник.

Законското решение за локална самоуправа се предвидува да биде готово до март, а дотогаш да има широка дебата на – експерти, градоначалници, претседатели на совети и граѓанскиот сектор.

“Тоа е процес од кој сме засегнати ние, како градоначалници, но сите градоначалници едногласно го поддржуваме тој процес затоа што за жал во државава освен што во моментов ни се случува состојбата со градот Скопје имаме уште многу други неуспешни примери и приказни од минатото каде што се чекало да поминат четири години за некому да му заврши мандатот. Затоа имаме состојби во кои во 21 век решаваме фекални канализации, за жал населени места не се покриени со водоводна мрежа, сега ги решаваме, немаат градинки, немаат училишта и така натаму. Согласно законската регулатива која е во моментов, некој може да биде избран за градоначалник и четири години да ги помине во хибернација и ништо да не сработи за оние кои му ја дале поддршката односно му ја дале власта“ вели претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

Министерот Перински во гостување на Алфа ТВ, најави сериозни реформи во локалната самоупарава, меѓу нив е и референдумот за отповикување на градоначалници.И тој е на ист став со Ѓорѓиевски – последниот збор за разрешување на градоначалници треба да го имаат граѓаните.

„Главната иницијатива за оваа промена произлегува од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Сметаме дека треба да им дадеме на граѓаните можност за отповикување на градоначалниците, а тоа било решено и во претходниот закон,“ нагласи министерот Перински.

Оваа иницијатива за законски измени поризлезе по бројните поплаки од градоначалничката на град Скопје, каде изминативе години владее тотален хаос во главниот град. Криза со јавниот превоз, енормно загадување на воздухот, смени десетици директори на градски претпријатија. Отпушти десетици вработени. Предизвика сообраќајни катастрофи од национални размери, како и стотици тони несобран комунален отпад, кој за да не предизвика опасност по јавното здравје на скопјани, го чистеа општините.

Додека на Арсовска, полека но сигурно и изминува времето да се симне од пиедесталот на „најнеуспешен градоначалник досега“ – Едно останува како нејзино главно обележје. Тоа што нејзината работа направи за прв пат во Македонија да се размислува за закон со кој ќе може избран градоначалник да биде отповикан од функцијата.