Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

НАИ со Ваљбон Лимани очекува триумф на повторените избори за градоначалник во Гостивар

Со митинг во Центарот за култура во Гостивар започна предизборната кампања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со митинг во Центарот за култура во Гостивар започна предизборната кампања на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ). Пред партиското членство и симпатизерите, кандидатот за градоначалник, Валбон Лимани, искажа благодарност до сите граѓани кои му ја дале довербата во првиот круг од локалните избори во октомври. Тој во говорот изрази верување дека волјата на граѓаните ќе се оствари ќе триумфира на овие избори. Победата му била, рече поништена со број гласови.

– Ова не е прв пат да се водат „игри“ и да се испробаат во Гостивар, но убеден сум дека со ваша поддршка и пред сè со Божја волја, ќе успееме. Ова е процес како битка за достоинство и за правото на граѓаните сами да одлучуваат за иднината на Гостивар, рече Лимани.

Тој во говорот истакна дека не верува во празни предизборни ветувања, а неговата политичка посветеност ја темели на конкретни и изводливи проекти, кои како што рече треба да овозможат одржлив развој на градот и подобар животот на граѓаните. Кандидатот за градоначалник поддржан од НАИ ја побара поддршката со сограѓаните и повика на масовна излезност на гласачките места на 11 јануари, за, како што рече, да се потврди волјата на гостиварци. 

Реклама

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во обраќањето на митингот, нагласи дека коалицијата во Гостивар има само еден кандидат за градоначалник – Валбон Лимани.

– Ја имате моја целосна поддршка, поддршката од ДУИ и сите наши структури. Вашата победа на 11 јануари е сигурна. На Гостивар му е потребна нова генерација лидери, рече Ахмети.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, искажа уверување дека Валбон Лимани ќе победи убедливо на изборите на 11 јануари и повика на максимална мобилизација во вториот круг. Зборувајќи за актуелната политичка состојба, Таравари кажа дека идната година во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

Актуелниот претседател на општинскиот совет и лидер на гостиварскиот огранок на ДУИ, Валдет Џафери на митингот ја истакна важноста од соработка меѓу локалните институции за спроведување на проекти во корист на граѓаните.