Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Нафтени султани од Пласница: Татко пратеник, чичко градоначалник, младиот Асмир со Пуцко петрол главен нафташ на власта на СДСМ и ДУИ

Нафтени султани од Пласница. Таткото Имсаил пратеник, чичкото Алија градоначалник, а младиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нафтени султани од Пласница. Таткото Имсаил пратеник, чичкото Алија градоначалник, а младиот Асмир Јахоски најголем снабдувач со нафта за државата во владеењето на СДСМ и ДУИ. Пуцко Петрол важеше за еден од омилените тендер партнери на претходната владина гарнитура.

Нафтената компанија чиј сопственик сега е меѓу осомничените за криминал тежок речиси 170 милиони евра за набавките со мазут, изминативе пет годни склучила вкупно 1776 договори за јавна набавка во вкупен износ од 137 милиони евра.

За овие зделки и за можните криминални злоупотреви на државни пари ТВ Алфа пишуваше и предупредуваше изминативе години.

Реклама

И антикорупционерите и експертите и јавноста реагираа за матните зделки, но тоа не ја спречуваше компанијата да добива бројни тендери од претходната власт. Уште пред три години познавачите пред нашата камера говореа дека тоа е класичен судир на интереси и тргување со влијание.

-Најчесто судирот на интереси го гледаме во постапките за јавни набавки и ние постојано зборуваме дека за време на избори, кој ќе обезбеди поддршка и ќе победи на изборите, може да смета на тоа дека понатаму ќе има добар бизнис, односно ќе може да работи со тендери и тоа правило ниту еднаш не било непотврдено. Кој и да дојде на власт секогаш истото се случува и на ниво на општини, на ниво на институции и на повисоко ниво на политиката, посебно кога зборуваме сега за енергијата, изјави тогаш Слаѓана Тасева за Алфа.

Низ текот на годините од една бензиска во кичевска Пласница, со еден вработен, Пуцко Петрол стана еден од водечките гиганти во нафтениот бизнис во Македонија. Со семејно- бизнис- политичките врски на оваа компанија минативе години се занимаваа и антикорупционерите.

-Конкретно се што се однесува во премдетот ќе биде соопштено, кај нас, ошто во Македонија, имаме повеќе проблем со влијание отколку судир на интереси. Значи, влијание може да има и каде што нема судир на интереси, а влијание постои. Тоа е факт, изјави тогашната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска.

Пуцко Петрол сега е во центарот на големиот скандал поради сомнежи за криминал од речиси 170 милиони евра. Асмир Јахоски наместо во Шутка, заврши во куќен притвор како еден од осомничените за перење пари и злоупотреба на службената положба.

Матеја Петровски