Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Прилози

Надлежните се борат со криминалите: 10-тици случаи се истражуваат против функционери од претходната власт

10-тици нови случаи се работат за можни криминали сторени од претходната власт.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

10-тици нови случаи се работат за можни криминали сторени од претходната власт. Премиерот Мицкоски предупредува дека јавноста многу скоро ќе биде сведок на нови скандалозни информации за криминални активности на функционери и лица блиски на претходната власт. Детали за случаите засега не се изнесуваат во јавноста, но извесно е дека криминалот во ЕСМ тежок 6 ипол милиони евра нема да биде еинствениот кој што се расчистува:

-Кога ќе се обезбедат докази и основано сомнение за сторен криминал, Минстерството за внатрешни работи заедно со срамежливото Обвинителство, влегуваат во акција, таа акција беше спроведена пред неколку дена за која што вие зборувате. 23 лица се осомничени, два правни субјекти. Во периодот што следи 10-тици случаи се работат, на македонските граѓани ќе им стане многу јасно, што се случувало изминативе години, изјави Мицкоски.

Под истрага се случаи во кои се вмешани и функционери од ДУИ. Според Мицкоски наредниот период јавноста ќе дознае кои се нивните вистински мотиви со заканите за дестабилизација. На партијата на Али Ахмети прво им пречеше што беше укинат балансерот. Сега пак се закануваат со немири доколку бил чепнат законот за јазици, чија уставност ќе ја оценува Уставниот суд.

Реклама

-Стигаат потврдите за криминалното однесување на оваа политичка структура и гарнитура, во изминативе 20-тина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери поврзани со ДУИ. Јавно многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ, дека најмалку се грижат за тоа што требало да се грижат, изјави Мицкоски.

Пред два дена отворен беше случајот со кодно име „Адитив“, каде 23-ца се сомничат дека создале група која во период од април 2023-та до август годинава, правела кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Осум луѓе добија 30 дена притвор, меѓу нив и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, за еден е определен куќен притвор, додека за 13 мерки на претпазливост. Екс директорт на ЕСМ Васко Ковачевски е недостапен за органите, бидејќи е во бество, според неофицијални информации во главниот град на Австрија, Виена. За него се побарани мерки на претпазливост, за кои судот ќе одлучува кога ќе биде достапен.

Матеја Петровски