Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Надградена ИТ алатката за следење на примената на Стратегијата за реформата на администрацијата

Министерството за јавна администрација денеска ќе ги промовира можностите  од унапредената ИТ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација денеска ќе ги промовира можностите  од унапредената ИТ алатка за следење на примената на Стратегијата за реформа на јавната администрација. 

На промоцијата  ќе се обратат Горан Минчев, министер за јавна администрација  и Маја Ханџиска Трендафилова –  директор на Регионалната школа за јавна администрација ReSPA. 

– Настанот има цел да ја промовира новата ИТ алатка за унапредување на јавната администрација, да ги информира сите засегнати страни (јавни институции, приватен сектор, академска заедница и организации од граѓанското општество) за нејзината употреба, значење и придобивки, како и да ги поттикне сите учесници да се вклучат во активна соработка и имплементација, соопшти МЈА.

Реклама

Според Министерството за јавна администрација, овој настан ќе ја подигне свеста за дигиталната трансформација во јавната администрација, ќе поттикне меѓусекторска соработка и ќе помогне во ефикасната имплементација и употреба на унапредената ИТ алатка за следење на процесот на реформата на јавната администрација во нашата земја.

– Целта е да се подобри квалитетот на услугите и иновациите во јавните институции, како и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста на процесите преку дигитализација и интеграција на современи ИТ системи. Овој процес е дел од пошироките напори за реформа на јавната администрација, насочени кон модернизирање на процедурите, поедноставување на услугите, намалување на бирократијата и зголемување на отчетноста кон граѓаните. Примената на иновативни технологии е клучна за подобро управување со ресурси, побрза работа на институциите и поефикасно следење на резултатите, наведува Министерството за јавна администрација во најавата за настанот.