Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Над 70 отсто од жалбите до Агенцијата за слободен пристап до информации се поради молк на администрацијата – покажува Годишниот извештај на Агенцијата за 2025 година

Од вкупно 623 жалби по кои постапувала Агенцијата за заштита на правото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вкупно 623 жалби по кои постапувала Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во 2025 година, дури 438, односно речиси 70 проценти, се однесувале на непостапување или молк на институциите во законски утврдените рокови, информираше директорот на Агенцијата Петар Гајдов при образложувањето на Годишниот извештај за 2025 година пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Гајдов посочи дека Агенцијата во текот на минатата година постапувала по сите поднесени жалби почитувајќи ги законските рокови и настојувајќи да обезбеди доследна примена на правото на пристап до информации од јавен карактер.

Според презентираните податоци, најголем број од жалбите ги поднеле физички лица, вкупно 344, по што следуваат невладини организации, здруженија и фондации со 194 жалби. Правните лица поднеле 51 жалба, а новинари и новинарски здруженија 34 жалби.

Реклама

Гајдов нагласи дека правото на слободен пристап до информации претставува важна алатка за остварување на јавниот интерес, надзор над работата на институциите и контрола на трошењето на јавните средства.

– Слободниот пристап до информации од јавен карактер функционира како превентивна алатка во борбата против корупцијата преку зајакнување на институционалната транспарентност, отчетност и одговорност – истакна Гајдов.

Тој оцени дека институциите сè повеќе ги користат своите интернет страници за проактивно објавување информации, но посочи дека и натаму постојат сериозни слабости во почитувањето на законските обврски.

Гајдов информираше дека во текот на минатата година Агенцијата организирала девет бесплатни обуки за службениците во институциите, посветени на примената на Законот за слободен пристап до информации, проактивната транспарентност и користењето на електронскиот портал за обработка на барањата.

Во извештајот се наведува и дека Агенцијата ја продолжила соработката со граѓанските организации, како и учеството на регионални и меѓународни форуми посветени на слободниот пристап до информации и транспарентноста на институциите.

Во расправата по извештајот, пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски го оспори кредибилитетот на директорот на Агенцијата Петар Гајдов, тврдејќи дека при неговото вработување во институцијата во 2021 година бил евидентиран како припадник на албанската етничка заедница, додека при кандидатурата за директорската функција доставил изјава дека припаѓа на македонскиот народ. Според Спасовски, ваквата промена отвора прашања за веродостојноста на податоците врз основа на кои биле остварувани одредени права и напредувања во институцијата.

Спасовски изнесе забелешки и за постапување на прекршочната комисија на Агенцијата во периодот кога Гајдов бил нејзин претседател. Тој се повика на предмет поврзан со актуелната портпаролка на Владата Марија Митева, која во тоа време била службено лице за посредување со информации од јавен карактер во ВМРО-ДПМНЕ. Според Спасовски, во документацијата за предметот постојат недоследности во датумите, односно записник од седница на прекршочната комисија бил составен пред да биде испратено известувањето до лицето против кое се водела постапката. Поради тоа, тој изрази сомнеж во исправноста на постапката и во автентичноста на дел од службената документација.

Пратеникот оцени дека ваквите случаи ја доведуваат во прашање довербата во работата на институцијата и во податоците содржани во годишниот извештај, наведувајќи дека транспарентноста и интегритетот се особено важни за институција чија основна надлежност е заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.