Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Над 53% од македонските приватни компании лани се соочиле со коруптивни барања од јавниот сектор

Во текот на 2023 година, над 53 проценти од македонските компании се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на 2023 година, над 53 проценти од македонските компании се соочиле со коруптивни барања. Некои од нив и неколкукратно. Дури 78 насто од барањата, некои директни, некои индиректни, биле од централната државна власт. Се барале пари во висина од 1.000 до 10.000 евра, но и услуги или подароци за добивање дозволи, одобренија, инсепкцски надзор, јавни набавки, тенедери или царинење. Некои пак, побарувале од 6 до 10 проценти од вредноста на извесен тендер. А компаниите, кои одбиле да бидат дел од коруптивната шема, се соочиле со одолговлекување на деловната активност и со големи финансиски трошоци. Шокантни и скандалозни резултати покажала анкетата на Стопанската комора на Македонија, спроведена во март годинава, како дел од петгодишниот проект „Граѓаните против корупцијата“, финансиран од УСАИД.

„83 % од комапниите сметаат дека корупцијата е еден од трите најважни проблеми во државата кои што треба да ги решиме, и второ, анкетата покажа дека дури 96 проценти од комапниите кои што одговорија, сметаат дека може да се има успех во борбата против корупцијата, што е охрабрувачки елемент, при што тие делумно се вртат кон самите себе и велат дека имаат потреба да ги вградат  и да ги засилат своите механизми за спречување на корупцијата“, вели Зоран Јовановски, потпретседател на Стопнската комора на Македонија. 

„Мерките за самите компании се имплементирање на еден сеопфатен систем за интегритет кој што е еден комплексен и опфаќа многу чекори. А покрај тие индивидуални мерки кои што треба секоја компанија да ги примени, постои простор и за колективно делување, тоа е едно од формите на здружување на компаниите, особено во услови кога локалните законодавства слабо функционираат во тој дел“, кажа Јованка Кенкова-Пивац, офицер за усогласеност во Македонски телеком.

Реклама

„Доколку државата воведе систем на добри казни, однсно судскиот систем да почне посериозно да казнува и да функционира, тогаш сметам дека ќе се намали оваа, како што кажа и америкнската амбасадорка, „ендемска“ корупција во нашата држава“, изјави Никола Мариновски, претседетел РСК – Прилеп.

Со цел надминување на овие загрижувачки состојби, Стопанската комора на Македонија започна со обуки на своите членки за зајакнување на деловниот интегритет на компаниите и механизмите за спречување на корупцијата.

Каролина Дурло