Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Над 52 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

Од 10 октомври, кога почна пријавувањето за вакцинирање, до денеска, за вакцинација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 10 октомври, кога почна пријавувањето за вакцинирање, до денеска, за вакцинација против сезонски грип се пријавиле 52 илјади лица на сајтот вакцинација.мк, информира Министерството за здравство.

Имунизацијата започна пред два дена, кога се вакцинирале вкупно 8 000 граѓани.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население – лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Реклама

Министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини против сезонски грип.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на веб-страницата вакцинација.мк, со што се врши директна регистрација во системот Мој термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, граѓаните преку СМС-порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинирање.