Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Над 30 домови поплавени во скопски Сарај, се прават првичните проценки за штетите

Втор ден се чисти водата од поплавените куќи во скопски Сарај. Триесетина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден се чисти водата од поплавените куќи во скопски Сарај. Триесетина домови ја поминаа ноќта под вода, а поплавите зафатија пет села. Општинска механизација, противпожарната и Водовод им помагаат на локалните жители да ги исчистат подрумите, приземјата и дворовите, а паралелно се чисти речното корито каде завршувал градежен шут од граѓани и фирми.

Оние кои беа поплавени ноќта ја поминале на повисокиот кат или кај роднини, а штети допрва ќе бројат. За среќа велат, само материјални.

Општински екипи веќе се на терен и прават проценки за штетите.Сите кои имаат уништени поседи и домови може да пријавуваат до 23 февруари. Инспекции постапуваат и за недозволеното депонирање отпад во речното корито, вели градоначалникот Елмази.

Реклама
  • „За жал, од првичните информации, поради поплавите и икс фирми кои градежните отпадоци ги фрлале во речното корито. Комисијата за проценка е веќе на терен, ќе ги посетат сите домови и да направат проценка. И согласно процедурите ќе се достават до Владата“ рече Мухамет Елмази – Градоначалник на Општина Сарај.

Помош од Центарот за Управување со кризи поради поплавите побарале повеќе од 120 луѓе. Поплавени куќи има и во гостиварско, Врапчиште и Маврово и Ростуше, а во село Беловиште успешно биле извлечени заглавени луѓе.

  • „Имавме критична состојба во Општина Гостивар, поточно во селото Форино каде беше излеана  реката Вардар, денеска и таму ситуацијата се подобрува и водата се повлекува. УХМР очекува врнежи повторно во западниот дел и таму сме во контакт со сите надлежни за да ја следиме ситуацијата,“ рече Мухамед Али – Директор на Центарот за управување со кризи.

Реката Слупчанка, кумановско Липково, се излеала на два места, но поплавено било само земјоделско земјиште. Во Кратово и Крива Паланка не се регистрирани поплави.

Во тетовскиот регион, интензивните врнежи предизвикаа зголемен водостој и проблеми со одводните канали. Свлечишта го блокираа патниот правец Тетово – Џепчиште, кој е затворен за сообраќај, додека патот кон селото Једуарце е повторно прооден.

На делницата Тетово – Попова Шапка сообраќајот се одвива отежнато, а има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Таму засега нема опасност од излевање на поголемите водотеци, а снабдувањето со струја и вода е стабилно.