Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Над 250.000 верници од целиот свет на интернет ја следеа литургијата во Бигорски манастир

Велигденски литургии како никогаш досега. Ова е снимка од вчерашната богослужба во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигденски литургии како никогаш досега. Ова е снимка од вчерашната богослужба во Бигорскиот манастир.  Без присуство на верници, братството на манастирот и сестринството од манастирот во Рајчица синоќа отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота. Во овие вонредни услови кога Македонија се бори со пандемија, црквата ги користи придобивките на дигиталната доба. Вчерашната богослужба онлајн ја следеле над 250.000 луѓе ширум светот.

Иста е сликата низ сите храмови во државата. Велика сабота со празни манастири и цркви. Во соборниот хран невообичаена тишина.

Присутни беа само свештените лица. Завршиле со утринските литургии па се подготвуваа за полноќ и објавувањето на големата вест за Христовото Воскресение. И вечер ќе бидат сами во храмовите, на верниците им порачаа овој Велигден да останат дома.

Реклама

– Да бидеме сплотени меѓусебно, да се почитуваме и да си простуваме, тоа е универзалната порака во Христијанството – изјави отец Горан Стојчевски

Најголемиот Христијански празник Велигден годинава се спроведува во вонредна состојба. Православните верници наместо  в црква, ќе бидат во своите домови. Домаќинките ги вапцаа јајцата, а по 40 дневните постови за утре се спремаат богати трпези, но годинава само во кругот на потесното семејство.

Дејан Трендов