Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

🎥 „Над 15 илјади луѓе ќе добијат излез на автопатот Кичево – Охрид, Владата ќе ги изгради пристапните патишта“

Да правиш пат, а да заборавиш да им обезбедиш излез на жителите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да правиш пат, а да заборавиш да им обезбедиш излез на жителите од неколку села кои гравитраат долж автопатот е непојмливо.Жителите од Горенци,Подмоље и Оровник со години ги мачеше една мисла -како да стигнат до нивите? Нашиот соговорник кој пред 2 години во ек на туристичка сезона,застана пред камерата на Алфа која прва го актуелизираше овој проблем,раскажуваше апсурдни ситуации.Во светот прават подводни автопати и тунели, ние еден автопат го градиме 10 години, за на крајот да дознаеме дека кога го проектирале, заборави на околу 15.000 жители од селата,вака реагираа мештаните.

Се чудиме ние од каде ќе летаме во нивите, мора да има од двете страни пат и од источната и од западната.Од Охрид до Мешеишта мора да има пат за луѓето, не можат да ги работат нивите.Било кој да е генерациски,не може да преминува преку два пата во тоа е суштината, да не правиме муабет за стока”-вели жител од село Подмоље

Мештаните кои своевремено се обратиле до сите надлежни институции раскажуваа дека им било понудено да им направат пешачка патека. Во денешно време зарем пеш со километри  да одиме до Охрид ? Имаме и добиток кој треба да се изнесе, не е корзо па да ја шетаме стоката по патишта, каде се чуло и видело такво нешто-ќе ни се смее светов,велеа мештаните.Ваква беше ситуацијата пред две години, сега интензивно се работи на изградбата на пристапните патишта,16-те потпатници и натпатници.

Реклама

Бидејќи едноставно 15.000 луѓе не може од нивните населени места да летаат на автопатот, ќе мора тие да имаат пристапен пат од  нивното населено место до приклучокот со автопатот.Зошто тоа не било предвидено, не било направено тоа е друго “-вели премиерот Христијан Мицкоски

Владата нема да дозволи 15.000 луѓе кои што живеат во селата долж автопатот Кичево-Охрид да бидат отсечени,небаре се диви луѓе на кои не им треба цивилизација.Се додека не се завршат пристапните патишта за сите населени места,тој нема да биде пуштен во употреба,им порача на граѓаните премиерот Мицкоски при посетата на Охрид,кога се стави во фунција клучката  кај Подмоље

Ако не ни беше грижа за засегнатите жители и ако се работеше само на главната траса, дел од автопатот од Климештани до Охрид,ќе беше пуштен во употреба пред еден месец во исто време со делницата во должина од 20 километри од Врбјани до Ботун,велат од  Владата.