Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Прилози

Над 100 телефони откриени во Шутка

Над 100 телефони откриени минатата недела кај притворенивци во истражниот затвор „Скопје“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 100 телефони откриени минатата недела кај притворенивци во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Само неколку дена откако беше откриен телефон кај Васил Јованов, биле направени повеќе претреси. Директорот на „Управата за извршување санкции“ вели дека бројките загрижуваат.

„Тој викенд кога беше пронајден тој телефон, веќе во понеделникот од интервентната полиција отидоа таму да направат претрес во притворскиот дел и беа пронајдени 70 телефони. Два дена или три дена подоцна, повторно ги имав испратено таму, најдоа во други ќелии други 35 телефони. Вчера беа во затворот Шуто Оризари попознат како Шутка, во полутвореното и отвореното одделение, најдоа повторно некаде околу 30 телефони, изјави Пандов.

Дисциплинските постапки против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка, кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази Фросина Кулакова, се веќе покренати и завршени, информираше Пандов.

Реклама

Дел од затворските полицајци, вели тој, не треба да ја носат полициската униформа зошто го срамат целиот затворски систем.

„Никако не треба да носат униформа на затворска полиција и тие го срамат и затворот Шутка и целиот затворски систем“, изјави Пандов – директор на Управата за извршување на санкции

Пандов  го посочи и проблемот со недостиг на медицински пероснал во затворите, проблем кој планира во иднина да го реши по примерите во другите земји од Балканот.

„Секако дека се финансиските придобивки. Тие и сега имаат 30 % поголема плата од обичните вработени доктори, но има и повеќе начини да бидат стимулирани со специјализации. Има повеќе начини, како е во светот тоа решено. Ние нема да измислиме нешто ново. Практиките како е тоа решено во Србија, Хрватска, Бугарија или било која друга земја ќе ги примениме и во Македонија“, изјави Пандов.

Инаку денеска Пандов во Министерството за Правда се сретна со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Ја најавија реформата со која ќе им се овозможи на сите осудени лица што издржуваат затворска казна, да имаат здравствено осигурвање веднаш по влегувањето во затворскиот систем.

Љубиша Владимиров