Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Националните телевизии сѐ погласно бараат усвојување на измените на законот кој ја регулира нивната работа

Македонската медиумска асоцијација во која членуваат националните телевизии, Алфа, Канал 5, Телма…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската медиумска асоцијација во која членуваат националните телевизии, Алфа, Канал 5, Телма и Алсат бара итно деблокирање на измените на Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги, измени кои остануваат заглавени во Собранието зашто пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, не ги става на дневен ред пред матичната комисија.

Со измените треба да се овозможи спречување на ширењето на пиратеријата, нејзино соодветно казнување, но и регулирање на пазарот со соодветно законско решение за емитувањето на националните телевизии од страна на кабелските оператори, како и транспарентност на трошењето на буџетски пари во јавните кампањи низ соодветна законска процедура преку собранието како контролен механизам.

„Измените на Законот за АВМУ кои треба да ја сопрат галопирачката пиратерија, а треба да обезбеди регулација на односот телевизии – кабелски оператори, како и транспарентност при трошење на буџетски пари се закочени од еден господин Арбр Адеми претседател на Комисијата за европски прашања, член а ДУИ кои пројавуваат политичко самоволие, поддржани и од другиот владин партнер во овој случај пратениците на СДСМ. Една од тие две партии имаат крајно непринципиелен и за нас неетички став кон една наша телевизија поради внимавајте, несогласувањето со уредувачката политика на таа ТВ компанија, однесување што е скандал сам по себе. Со закочување на законот од страна на пратеникот на ДУИ , Арбр Адеми се овозможува и понатаму Владата да троши буџетски пари на граѓаните без никаква транспарентност и контрола. Ние како ММА немаме ниту одговор на нашите прашања колку пари потрошила Владата за најмалку 16 кампањи спроведени во последниот период“, изјави директорот на Канал 5, Иван Мирчевски.