Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата, во официјална посета на Вооружените сили на Унгарија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, денес во Будимпешта оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Унгарија, генерал Габор Беренди.

По пречекот со високи воени почести, генералите Лафчиски и Беренди разговараа за билатералната воена соработка, при што беа разгледани можностите за понатамошно дополнително продлабочување во областите од заемен интерес.

Во текот на официјалните разговори се дискутираше за можна соработка помеѓу силите за специјални операции, обука за борбено нуркање, поддршка за лесната пешадиска баталјонска група како примарна НАТО цел на способност, изведување заедничка обука и вежби и користење на капацитетите на двете армии со цел унапредување на интероперабилноста на двете сојузнички армии во рамки на учествата во меѓународните операции и мисии предводени од НАТО и ЕУ, размена на искуства и научени лекции при користење на НАТО и ЕУ фондовите.

Реклама

Генералот Лафчиски, во оваа прилика изрази благодарност за поддршката од страна на унгарскиот тим, кој во духот на сојузништвото и доброто пријателство активно се вклучи во гаснењето на пожарите, кои ова лето ја зафатија нашата држава.

За време на средбата генералот Беренди изрази благодарност за поканата за учество на воениот оркестар на ВС на Унгарија на предновогодишниот концерт, кој ќе се одржи наредниот месец и доколку неговата агенда овозможува, лично би присуствувал на настанот.

Армиската делегација предводена од генералот Лафчиски ја посети механизираната бригада на унгарските вооружени сили во гарнизонот Тата, каде беше презентирана организациската структура, задачите и опремата на бригадата, по што делегацијата имаше можност да оствари посета и на Центарот за симулација и обука.