Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата учествува на состанок на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски вчера и денеска учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски вчера и денеска учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.

На состанокот, со кој претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во текот на вчерашниот ден обраќање имал генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој на почетокот упатил благодарност до учесниците на состанокот за континуираната поддршка и јасното лидерство во зајакнувањето на сојузничкото одвраќање и одбрана. Во оваа прилика, Руте го истакнал напредокот постигнат по Самитот во Хаг, со фокус на зголемени инвестиции во одбраната, засилено воено производство и континуирана поддршка за Украина. На крајот, генералниот секретар порачал: „Ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери ширум светот, бидејќи безбедноста претставува заеднички напор“.

Како што информираат од Генералштабот, адмиралот Драгоне во неговото обраќање нагласил дека безбедносната состојба останува исклучително сложена, потенцирајќи ги војната во Украина, нестабилноста и насилството долж јужното соседство на НАТО, отворените тензии, како и активностите на други малигни актери кои продолжуваат да ја загрозуваат глобалната стабилност. Навраќајќи се на активностите на НАТО, адмиралот Драгоне нагласил дека во текот на изминатата година, преку успешните операции „Baltic Sentry“ и „Eastern Sentry“ и зголемениот број воени вежби, се зајакнала НАТО будноста и способноста за одбрана и одвраќање на Алијансата, потврдувајќи ја исклучителната приспособливост на НАТО стратегиските команди. На крајот, адмиралот Драгоне истакнал дека безбедноста не е само прашање за политичарите и војската, туку ги засега сите во сојузничките земји.

Реклама

-Затоа ни е потребна не само поддршка, туку и вистински ангажман од повеќе од милијарда луѓе кои сме посветени да ги браниме, посочил Драгоне.

Во текот на состанокот, командантот на Врховната сојузничка команда за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич, ги информираше началниците на генералштабовите за подготвеноста на НАТО во зајакнувањето на колективното одвраќање и одбраната на Алијансата. Командантот на Врховната сојузничка команда за трансформација, адмирал Пиер Вандие, ги изнел своите видувања за иднината, вклучително и како НАТО го забрзува процесот на испорака на клучни капацитети со цел силите на Алијансата да бидат подготвени за актуелните закани и идните безбедносни ризици. Посебен фокус бил ставен и на партнерствата, вклучително Советот НАТО-Украина, индо-пацифичките партнери и Европската Унија.

Во рамките на состанокот генералот Лафчиски активно учествувал во дискусиите за прашањата поврзани со глобалните безбедносни предизвици, подготвеноста на Алијансата за одвраќање и одбрана, интероперабилноста, заканите, ризиците и предизвиците, како и соработката со земјите партнери. Во своето излагање ја потенцирал посветеноста на Армијата за регионалната безбедност преку учеството во мировни мисии, операции и НАТО активности во странство, пред сè во мисијата на НАТО во Косово (КФОР), ЕУ операцијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и во НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“ во Бугарија и Романија.

Генералот Лафчиски се осврнал и на националната вежба „Блесок 26“, која ќе се фокусира на оценувањето на ЛПБГ, како наша примарна НАТО цел на способност. Вежбата ќе послужи и како платформа за усогласување на националните и НАТО обврските. Дополнително било потенцирано зајакнувањето на подготвеноста на Армијата преку континуирана модернизација и опремување.

На маргините на состанокот, генералот Лафчиски остварил билатерална средба со началникот на Генералштабот на Унгарија, генерал Габор Беренди на која разговарале за продлабочување на билатералната воена соработка со акцент на заедничките обуки  помеѓу припадниците на Армијата и унгарските вооружени сили, како и за можностите за опремување и модернизација.

Во рамки на престојот во Кралството Белгија, генералот Лафчиски остварил средба со припадниците на Армијата распоредени во Националното воено претставништво на Македонија во НАТО штабот во Брисел.

На состанокот, со кој  претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО,  адмирал Џузепе Каво Драгоне, покрај генералот Алексис Г. Гринкевич и командантот адмирал Пиер Вандие, учествуваат началниците на генералштабовите на 32-те земји членки на НАТО, како и претставници од индо-пацифичките партнери на НАТО, Грузија и Украина.