Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Набљудувачите на ОБСЕ на судски постапки за организиран криминал и корупција на средба со Савески

Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од областа на корупцијата и организираниот криминал денеска остварија средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески, со кого разговараа за областите во кои овој проект ја следи и поддржува работата на обвинителството.

Државниот обвинител, информираат од ОЈО, им се заблагодари за досегашните активности, нагласувајќи ја особената важност на присуството на стручната јавност и набљудувачите во судницата.

На средбата пред јавниот обвинител Савески беа изнесени препораките од извештајот на овој проект кои се однесуваат на Јавното обвинителство, а преставниците на Проектот во земјава се запознаа со активностите за јакнење на транспарентноста и за дигитализација на Јавното обвинителство.

Реклама

Проектот за мониторинг на судските постапки во Западен Балкан следи 70 судски процеси во земјава, од кои 54 се водат по поднесени обвиненија за корупција и 16 за организиран криминал.