На Универзитет Скопје денеска ќе се одржи 10-тиот меѓународен научен конгрес ICON BEST, на кој со свои трудови и излагања ќе учествуваат над 50 професори, академици и експерти од земјава и од странство.
Главна тема на конгресот е „Дигитални хоризонти: Паметна економија и интелигентен туризам“.
-Меѓу главните говорници на пленарната сесија се поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, кој ќе има излагање на тема: „Иднината на Европа“, Александар Зиданшек потпретседател на Светската академија за уметност и наука, Орхан Хикмет Азизоглу, основач и претседател на Меѓународниот универзитетски совет, Антониот Карлес, евалуатор за високо образование, член на бордот за квалитет во рамките на Светската туристичка организација на Обединетите нации и многумина други, информираат организаторите.

