Реклама
Прилози

На СОС линијата „Ало Бушавко“ се повеќе деца бараат помош поради анксиозност, насилство и самоубиствени мисли

Другарство и соработка со институциите спаси детски живот. Девојче се јавило на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Другарство и соработка со институциите спаси детски живот. Девојче се јавило на СОС линијата „Ало Бушавко“ сакајќи да му помогне на својот другар кој сакал да си го одземе својот живот. Од Меѓаши пружиле совети, а кога тие не биле успешни, интервенирале заедно со надлежните институции. Од таму велат дека посветено се залагаат за помош на децата и подобрување на нивното ментално здравје. Тие ја раскажуваат успешната приказна која е само еден пример од нивната секојдневна работа.

„Девојчето сподели дека ќе се обрати на нејзината мајка потоа добивме уште еден повик каде што девојчето соопштува дека мајката воопшто не и давала никаква поддршка. Од страна на Меѓаши бесе превземен целосно интервенциски план.“– вели Изабела Ивановска, оператор на линијата „Ало Бушавко“.

Психолозите велат дека понижувањето на децата и булингот на социјалните мрежи оставаат сериозни траги врз нивниот развој.

Реклама

„Одговорноста не треба да заврши со јавувањето, менталното здравје треба да е системски приоритет, стручни служби да се посветат на поддршка на децата и на кадарот, дигиталното насилство да се третира еднакво како и физичкото насилство, да има јасни протоколи како да се постапи, координација меѓу училишта родители институции и центри, образованието мора да вклучува емоционална и дигитална писменост и возрасните да слушаат без да ги осудуваат своите деца.“– вели психологот Јорданка Черепналкова Трајкоска.

Во меѓувреме расте бројот на деца и млади кои бараат помош поради страв, вознемиреност, семејни проблеми, насилство или пак имаат самоубиствени мисли. Ако во текот на 2024 на СОС линијата „Ало Бушавко“ имало 208 пријави, изминатава година се јавиле дури 284 деца, а најголем дел од повиците се однесувале на нивното ментално здравје.

„Имавме 19 случаи се за самоубиство и ова е сериозен аларм кон психолошката состојба кај младите, треба да интервенираат родителите и училиштата, тие околу нив најлесно можат да ги препознаат со тоа што се однесуваат тажно, губат интерес, се повлекуваат, имавме и 64 дојави за семејни односи, односно кавги со родителите или им се во бракоразводна постапка, 57 за физичко насилство, 9 за негрижа и занемарување и 8 за булинг….“– вели Мила Дамјановска, оператор на линијата „Ало Бушавко“.

Од Меѓаши велат – наодите од годишниот извештај на СОС линијата укажуваат дека децата не се целосно заштитени. Апелираат до институциите да превземат повеќе мерки,а училиштата и родителите навремено да ги препознаваат промените на однесувањето на децата и да реагираат пред проблемите да станат посериозни.