Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

На сметките на пензионерите стигнаа покачените пензии, во март ново покачување од уште 2500 денари

Ветено-остварено. Над 330.000 македонски пензионери денеска ја добија првата половина од ветените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветено-остварено. Над 330.000 македонски пензионери денеска ја добија првата половина од ветените 5.000 денари, линеарно зголемување на пензиите. Добиената битка, со пригодна пензионерска средба на пензионерите од дваесетина градови пд земјава, денеска беше одбележана во Прилеп, градот од каде во август 2023 година и започнаа најмасовните протести во историјата на македонското пензионерско здружување за подостоинствен пензионерски живот.

  „Денеска, за првпат во историјата на Македонија, пензионерите добиваат од оние 5.000 линерано зголемување, 2.500 денари. Она што го договоривме на состанокот со Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и со премиерот Мицкоски, тоа и го остваруваме…Имаме 220.000 пензионери кои земаат до 20.000 пензија. Мислам дека ќефот и радоста се големи, бидејќи за нас значат многу 5000 денари и никогаш не би го замениле за тие 5,3% или за 2,9% во шест месеци од годината“ – истакна Верче Јанческа, пензионерка од Прилеп.

 „Ова е сон, сон за пензионерите со минимални пензии, сега 5.000 и кои прифатија со поголемите пензии заедно да земаме сите по 5.000 денари. Сега 2.500 и од Нова година, во 2025 година уште толку“, – рече Васил Инџеров, пензионер од Виница.

Реклама

 „Значи, линеарното зголемување на пензиите е успешна операција за која што на почетокот сите велеа дека ќе нема средства, ќе нема пари. Еве се најдоа пари, се најдоа луѓе, и еве поздрав до Владата која што излезе во пресрет на нашите проблеми и најде соодветно решение“, – кажа Делчо Максимоски, пензионер од Охрид.

  Иако, во предизборието беше ветувано дека ова линеарно зголемување ќе се случи во текот на првата година од мандатот, сепак новата Влада тоа го стори многу порано, односно уште во првите три месеци од своето владеење, заради што надежите на пензионерите за подобро утре, се уште поголеми.

  „Овие 5.000 денари ќе беа исплатени доколку душмански не беа потрошени парите од Буџетот на Р. Македонија од претходната власт. Оваа власт покажа дека зборот е збор, покажа како се работи домаќински и покажа како се работи заедно со народот…Од денес, пензионерите ќе можат да ги трошат своите 2.500 денари од зголемената пензија, а од март  уште 2.500 ден. Нека е аирлија и со здравје да си ги трошат“, – посочи Петар Ристески, пратеник.  

  Македонските пензионери денеска од Прилеп порачаа дека сега нивната битка ќе продолжи за измени на Законот за пензионери, но и за задолжителна промена на актуелното раководство на Сојузот на пензионери на Македонија.

                                                                                                         Каролина Дурло