Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

На шега, низ смеа власта си ги турка скандалозните закони кои може да ја загрозат енергетската иднина на Македонија

Ќе се затвора ТЕ–ТО,  Соединетите Држави и Обединетото Кралство ќе градат нуклеарни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се затвора ТЕ–ТО,  Соединетите Држави и Обединетото Кралство ќе градат нуклеарни реактори во Македонија, нема да се затвора ТЕ–ТО.

За што се шегува, а за што е сериозен вицепремиерот Фатмир Битиќи ? Додека си туркаат скандалозни закони на брза лента во Собрание, наместо суштинска дебата, власта ја замајува јавноста со шеги кои може да предизвикаат сериозни последици, или со инвестиции кои наводно некогаш ќе се случат.

Вицепремиерот се правда дека не бил сериозен кога кажал дека ќе го затвори ТЕ-ТО оти е руска инвестиција, дискусијата со новинарите траела два часа па тоа било само компарација.

Реклама

Јас тогаш реков, па зошто тогаш никој не коментираше за потеклото на инвеститорите, затоа што знаеме во кое време тоа се случуваше, во време на режимот и поддршката на такви сили што ја кочат европската иднина, дали сакаме да продолжиме со такво влијание или со европска перспиктава и затоа ја направив таа шега, што ако се направи оваа инвестиција, ако не е потребно ќе се затвори, рече Вицепремиерот Фатмир Битиќи

А пред само два дена Битиќи низ смеа, на брифинг со новинарите порача дека ако влезат Грците, Русите немало да ни требаат, па ТЕ-ТО ќе бил исклучен од системот.

Ваквите шегички веројатно се само обид за де фокус зашто додека јавноста се труди да ја открие смислата за хумор на вицепремиерот, во Собранието власта „си ја брка работата“.

Најконтроверзно од се е влезот на грчки Митилинеос како стратешки инвеститор, на кој буквално им исполнуваме се што побарале.

Гарантот потврдува дека не може да поднесе било каков приговор, жалба или молба од кој било вид, особено врз основа на Договорот за откуп на електрична и топлинска енергија, да го одбие или одложи извршувањето на неговите обврски од овој Договор и/или било какво плаќање што треба да го изврши според овој Договор. – стои во Договор за стратешки инвестиционен проект „Митилинеос когенеративна постројка Скопје“

Истиот договор предвидува дека ќе им ја плаќаме и пробната работа на Митилинеос, односно имаме обврска да купиме струја и топлина произведена и за време на пробната работа

Според Законот за статешки инвестиции, законите кои го поминаа првиот филтер во Собрание, треба да имаат „Амин“ од државното правобранителство, но Алфа веќе два дена не добива одговор од првиот човек на институцијата дали дал позитивно мислење.