Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.

Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија.

-Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а временските услови се идеални, со што условите сосема им ги задоволуваат потребите. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ден на сончева светлина, а во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта, со што некои постепено се враќаат на своите нормални спортски активности од претходно. Сите се вклучени во системот „Мој термин“ во рамки на проектот за рехабилитација на Пониква., истакна Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница со проширена дејност – Кочани.

Реклама

На Одделот за хирургија во болницата во Кочани веќе се обезбедени услови за ПРП терапијата на повредените според списокот што е добиен од Клиниката за пластична хирургија.

-Терапијата ќе се спроведе в петок во соработка со специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Во нашата болница ќе продолжи и физикалната терапија за 16 повредени, оваа недела ќе се реализира во втора смена, во адаптираните простории на хирургија. Дополнително, стигнаа и повредените од болницата „Пирогов“ во Софија кои ќе се вклучат во терапијата во болницата кај нас, затоа што сѐ уште ќе имаат обврски за прегледи во бугарската здравствена институција. Со оглед што реконструкцијата на просториите за физикална терапија оди според планот, очекуваме за три недели да почнат да се користат условите таму, додаде Мирчовска.

Во втората група повредени кои ќе престојуваат на Пониква, освен оние на кои име потребна физикална терапија, ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои им завршило лекувањето.