Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

На премините Дојран и Табановце за излез од државата се чека 30 односно 40 минути, ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај, од 11 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез, на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради  зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.

На ГП Дојран за излез од државата се чека 30 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Реклама

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.