Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

На полноќ завршува постот – лекарите предупредуваат да се внимава и да се конзумира храна умерено

По седум недели пост да не се трча веднаш на масна трпеза.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум недели пост да не се трча веднаш на масна трпеза. Лекарите апелираат со усул во јадењето и пиењето, за празниците да ги поминеме дома, а не во болница. Наместо прејадување со мрсна храна, печено месо и алкохол, лекарите советуваат постепено воведување на храната. Во првите денови по завршувањето на постот исхраната треба да изобилува со зеленчук и овошје, а месото постепено да се внесува. Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден.

„Ние бараме од пациентите ‘усул’. Граѓаните кои постеле 40 дена не можат да ја имаат таа удобност да изедат повеќе од едно или две јајца. Проблемите кои можат да се појават се гастроентероколити, панкреатити и воспаление на жолчката. Тоа се состојби кои треба да ги решаваат различни специјалности“, вели д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија.

Труењето со храна најчесто се манифестира со повраќање, дијареа и покачена температура која може да трае со денови. Според лекарите најважно е да се спречи дехидрација, па затоа внесот на течности е клучен. Истите правила за умерена консумација на храна и алкохол за време на празниците важат и за оние кои не постат, особено хронично болните.

Реклама

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи засилени се вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, месарници и зелените пазари.