Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

На Македонија не ѝ треба агенција за „Пари и спорт“, туку афирмација и ставање крај на корупцијата и непотизмот

Спортот е силен промотор на нацијата,но за остварување на националниот интерес преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спортот е силен промотор на нацијата,но за остварување на националниот интерес преку спортот, државата треба да преземе соодветни мерки,во прв ред формирање на министерство за спорт.Од почетокот на осамостојувањето на Македонија, имаше министерство за спорт но од некои политички причини тоа згасна,односно се трансформира во Агенција за млади и спорт, се присетува универзитетскиот професор Марјан Малцев. Македонија треба и мора да се афирмира преку спортот, вели тој.

„Од друга стана ќе се подобрат и вложувањата во спортот,сега со ваучерите имаше некои обиди да се поттикне спортот, меѓутоа ќе биде сосема поинаку кога министерството за спорт ќе добива дирекни финансиски сретства од буџетот на Република Македонија.Без соодветни финансиски сретства не може ништо да се постигне.Постојано ние работиме волонтерски и гледате дека скоро до никаде не стигнува”, вели професор доктор Марјан Малцев – Педагошки факултет Скопје

„Министерство за спорт ние имаме од самото формирање на Босна и Херцеговина. Министерство за спорт мора да имате, мора некому да се обратите, ако го немате, тогаш мора да одите по околен пат и тогаш е многу тешко да постигнете било што поврзано со спорт”, вели Борислав Цицовиќ, декан на Факултетот за физичко воспитување, Сараево

Реклама

И додека во светот спортот станува високопрофитабилна активност, Македонија се соочува со горливи проблеми како што се корупцијата и непотизмот.

„Тоа е нешто на што треба да му се стави крај,не ги знам приликите овде, но корупција и непотизам во спортот не смее да има. Спортот е најчист облик на натреварување и вложувањето во тој процес е од најголемо значење”, вели Дарио Новак, професор на Факултет за физична култура Загреб.

Нашите соговорници го делат ставот дека првиот човек кој ќе застане на чело на министерството мора да биде од спортската фела.

 “Важно е да не биде политичка фигура,но мора да постои спрега меѓу политиката и министерството за исполнување на сите наши потреби.Министерот е тој кој ќе се бори за нас во владата”, вели Љубиша Лилиќ – Декан на факултетот за спорт и физичко воспитување, Косово

Само пред 3 години Македонија го живееше сонот кој го сонуваа генерации – нашата национална репрезентација беше дел од европското првенство во фудбал,а голем успех постигнаа и нашите национални тимови во ракомет и кошарка. Да го вратиме сјајот на спортот кој повторно ќе ја сплоти нашата нација како никогаш досега, порачуваат  македонските спортисти,силни поборници за формирање на министерство за спорт.

Росица Голабоска