Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

На Клиниката за очни болести направени 16 трансплантации на рожница

Спасен видот на 13 годишно момче со трансплантација на рожница. Лекарите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спасен видот на 13 годишно момче со трансплантација на рожница. Лекарите од Клиниката за очни болести инфорираат за успешно пресадени уште 15 ткива. Сите пациенти се на возраст од 13 до 80 години. Интервенциите се реализирани со поддршка од националната координаторка за трансплантација, Билјана Кузмановска, како и американски медицински тим од Duke University.Ова според офталмолозите е значаен чекор за развојот на очната хирургија во земјава и подобрување на квалитетот на живот кај пациентите.

“Тоа е микрохируршка процедура која бара голема прецизност и се изведува без примена на шевови. Овие процедури за првпат се изведуваат во нашата земја и на Клиниката за очни болести, а генерално се ретки и во регионот. ​Најмладиот пациент кај кого беше извршена пенетрантна кератопластика е момче на 13-годишна возраст, што уште еднаш ја покажува неопходноста од обезбедување навремена и високоспецијализирана здравствена грижа“, кажа д-р Трпевска-Шекеринов.

“Сакам да ја потенцирам важноста на трансплантационата медицина. Значи трансплантацијата, покрај тоа што спасува живот, гледаме дека и го подобрува квалитетот на живот. Имаме пациенти коишто биле слепи, а сега ги излекуваме од слепило. Меѓутоа, сето тоа е благодарејќи на донирани ткива” – вели Проф. д-р Кузмановска.

Реклама

За да се зголеми свесноста за органодарителство ќе се менува законот за трансплантација на органи најави министерот за здравство. Измените на законот се очекува да поминат низ собраниска процедура кон средината на април.

Во Македонија се уште има многу мал број на луѓе кои се одлучуваат да донираат органи алармираат надлежните. Иако свеста полека расте,бројките покажуваат дека семејствата често ја стопираат оваа одлука.Минатата година 13 пациенти биле подготвени да станат донори на органи. Но на крајот, само тројца навистина донирале. Кај останатите десет случаи, семејствата не дале согласност.