Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка, хоспитализирани се и 15 деца со компликации од грип

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментот се хоспитализирани 70 деца, од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и имаат компликации, изјави директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.

Таа посочи дека на Клиниката дневно се прегледуваат од 150 до 200 деца. 

Појасни дека симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со зголемена телесна температура, болка во грлото, болка во мускулите и зглобовите, носна секреција и сува кашлица.

Реклама
На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца од кои 10-ина се на кислородна поддршка. Хоспитализирани се 15 деца кај кои е

Препорака за родителите во овој период, нагласи таа, е да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, да се прави дезинфекција на површините, во исхраната да има свежо овошје и зеленчук и да се престојува на чист воздух. 

– При појава на симптоми на грип децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се одржува добра хидрација со зголемено внесување течности, да се даваат лекови за зголемена температура и разладување. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или прогресираат со појава на интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, да се побара лекарска помош на матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови и доколку состојбата е сериозна и потребно е болничко лекување, секако да се упатат во нашата установа – додаде проф. д-р Бошковска.