Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

На Интернационалниот факултет „Европа Прима“ доделени дипломите на 40 студенти

Во атмосфера исполнета со емоции и очекувања, 40 студенти од Интернационалниот факултет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во атмосфера исполнета со емоции и очекувања, 40 студенти од Интернационалниот факултет „Еуропа Прима“ примајќи ги своите дипломи ги заокружија своите академски патувања низ различни катедри, носејќи со себе знаење, но и визија за светот што допрва ќе го создаваат. Во исполнетата сала на факултетот, ректорот Трајковски им посака среќа и успех.

„Денес на овој свечен чин обраќајки ви се директно вам, на најновата генераеција диплминрани кои животот го гледате низ уметничка визура ви посакувам стекнатото образование да ви ги отвори вратите на многу хоризонти, да ве донесе до крајните и да ви  помогне“, изјави ректорот Александар Трајковски.

И додека една генерација го заокружува своето патување, нова веќе чека на прагот – подготвена да создава, да истражува и да го раскажува светот преку уметноста. Со денешниот настан, свечено им се отвораат вратите и за новите генерации студенти.

Реклама

„Па има отворени околу 50 места на Универзитетот тоа  може да биде и поголем независно од тоа што во годините варира, но, се надеваме дека годинава интересот ќе биде поголем бидејќи во овие неколку месеци и пред отворањето на конкурсот, имаме поголем број среденошколци  од Скопје и Републиката кои се јавуваат за различни катедри“, изјави Јордан Плевнеш, професор и претседател на „Еуропа Прима“.

Плевнеш зборуваше за интернационалната одисеја на факулетот, патување низ кое во изминатите две децении се создадоа генерации уметници во анимација, фотографија, мултимедија и звучен инженеринг.

„Четири години студирав досега на класата за филмска режија, односно првично на филм и дигитални медиуми, на крај се префрлив во режија. Има по нешто се снима по некој филмче“, изјави Давид Дулев студент.

Меѓу нив беше и Давид, дипломиран студент по режија, кој низ својот творечки пат ја обликуваше својата уметничка визија.

Во рамки на настанот беше одбележан и јубилејот од 15 години соработка со четири меѓународни универзитети. Универзитетот едуцира кадри во 12 аудиовизуелни професии, преку три студиски програми театарски, музички и филмски уметности.