Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

На ДУИ почна буквално да им гори под нозе: Во Куманово запалени возило и дуќан на нивни партиски луѓе

Во Куманово синоќа гореше ДУИ. Возилото на кумановскиот заменик-обвинител Џелал Бајрами, близок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово синоќа гореше ДУИ. Возилото на кумановскиот заменик-обвинител Џелал Бајрами, близок до ДУИ и фотокопирницата на Советникот на Општина Куманово од истата партија, Фитор Јакупи во 3 часот после полноќ беа запалени. Запалено е уште едно возило, но засега не се објавува кој бил сопствикот.

Кумановската полиција вели дека во текот на ноќта вкупно изгореле три возила, фотокопирница и фасада на куќа. Две возила се наоѓале на иста улица, а третото било на друга локација, каде била опожарена и фасада. Фотокопирницата на советникот на ДУИ е на сосема трета локација. 

Заменик-обвинителот Бајрами, кој во 2012 година беше и заменик министер за внатрешни работи предложен од Ахмети, потврди дека едно од запалените возила било негово, се сомнева во криминални банди.

Реклама

„Не верувам дека настаните се поврзани. Мислам станувам збор за некој кримианлец припадник на банда, или некој пироман. Сепак мислам дека треба да ги оставиме органите да ги обработат материјалните докази коишто ги собраа  да одговорот кој го направи ова“, вели Џелал Бајрами, обвинител во Куманово

И советникот на ДУИ јакупи потврди на социјалните мрежи дека опожарената фотокопирница е негова соптвеност, но не даде никаков коментар за тоа кој би можел да биде сторилтелот или пак мотивот.

За разлика од нив двајца, ДУИ ги искористи инцидентите за да продолжи да долева масло на веќе затегантоте меѓутенички односи по скврнавењето на македонското знаме минатата недела. Според партијата на Ахмети, овие напади бил всушност напад врз Албанците во Македонија. но не објаснија како, што и зошто овие инциденти би имале меѓуетничка димензија. Обвинуваат дека Албанците во земјава биле оставени на милост и немилост, и бараат помош од меѓународната заедница.

„Тешките настани што се случија синоќа во Куманово, каде што неколку автомобили и една продавница на Албанци беа запалени, претставуваат горчлив доказ за духот на омраза и меѓуетнички поделби. Ова веќе не е само неодговорност или неуспех – ова е опасна криза која се влошува секој ден“, велат од ДУИ

Обвинител веќе направил увид на лице место и констатирал дека неколку возила и една канцеларија во градот иствовремено биле опожарени. Оттаму велат дека се преземени сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето на автомобилите и дуќанот.